Тополи (циклус на Моне)
Тополи ― циклус слики од Клод Моне кои биле направени во летото и есента 1891 година. Дрвјата биле во мочуриште покрај бреговите на реката Епт, неколку километри возводно од домот и студиото на Моне. За да стигне до неговото пловечко сликарско студио кое било закотвено на место, отишол со мал брод по блискиот воден пат до каде што се приклучувал на главниот тек. Дрвјата биле по должината на реката во еден тек, следејќи ја кривата Ѕ. Имала три групи слики - во едната група сликите имаат високи тополи кои излегуваат од горниот раб на платното, во друга група има седум дрвја и во друга група три или четири тополи на бреговите на реката Епт кај Живерни. Дрвјата, кои всушност и припаѓале на комуната Лимец, биле ставени на аукција пред Моне да ги заврши сите негови слики. Во одреден момент, Моне бил принуден да ги купи дрвјата бидејќи сè уште не бил завршен со своите слики. Откако го завршил циклусот, ги продал дрвјата назад на трговецот со граѓа кој ги посакувал.[1]
Галерија
уреди-
Тополи на Сонце, 1887 година, Државна галерија, Штутгарт
-
Тополи во Живерни, изгрејсонце, 1888 година, Музеј на модерна уметност
-
Тополи (есен), 1891 година
-
Тополи (есен), 1891 година, Музеј на уметност во Филаделфија
-
Тополи (ефект на ветер), 1891 година
-
Тополи на Сонце, 1891 година, Национален музеј на западната уметност, Токио
-
Три дрвја во тмурно време, 1891 година
-
Тополи на реката Епте, Тејт 1891 година
-
Тополи на Епт, 1900 година, Национална галерија на Шкотска, Единбург
Јавен приказ
уредиВо 2015 година, Националната галерија во Лондон изложила пет слики од циклусот, заедно во една соба, за време на траењето на изложбата посветена на Пол Диран-Руел. Ова било ретка појава и се верувало дека е можеби првпат овие пет слики да бидат изложени заедно откако се насликани.[2][3]
Сликите беа прикажани и во Музејот на уметност во Филаделфија кога изложбата патувала од Лондон до Филаделфија.
Наводи
уреди- ↑ Forge, Andrew, and Gordon, Robert, Monet, Harry N. Abrams, Inc., 1989, pp. 164-176.
- ↑ „Inventing Impressionism“. The National Gallery. декември 2014. Архивирано од изворникот на 1 август 2015. Посетено на 13 октомври 2022.
- ↑ The National Gallery (8 април 2015). „Monet's Poplars“. YouTube. Архивирано од изворникот на 2021-01-13. Посетено на 13 октомври 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
Надворешни врски
уреди- Годините на Моне во Живерни: Надвор од импресионизмот, каталог на изложби целосно на интернет како PDF од Метрополитен музејот на уметноста, кој содржи материјал за овој циклус
- Poplars by Monet на Ризницата ?
- Тополи (циклус на Моне) на Ризницата ?