Тони (награда)
Награда Антоанета Пери за извонредност во Бродвејскиот театар, позната како Тони награда ― награди кои ги доделува Американското театарско крило и Бродвејската лига на годишна церемонија во Мидтаун Менхетен за исклучителна глума во живо во Бродвејскиот театар.
Наградите се доделуваат за Бродвејски продукции и претстави. Една награда се доделува и за регионалниот театар во САД. Се доделуваат и неколку награди вон официјална конкуренција, како Специјална награда Тони, Тони почести за извонредност во театарот и Наградата Изабел Стивенсон.[1]
Наградите ги основал театарскиот продуцент и режисер Брок Пембертон, а именувани се по Антоанета „Тони“ Пери, глумица, продуцент и театарски режисер која била ко-основач и секретар на Американското театарско крило. Трофејот е медалјон кој може да се врти на кој се прикажани маските на комедијата и трагедијата, поставен на црна основа.
Правилата за наградите Тони се наведени во официјалниот документ „Правила и регулативи за Тони наградите од Американското театарско крило“, кој важи само за таа сезона.[2] Наградите Тони во њујоршката театарска индустрија се на исто рамниште на Еми наградите за телевизија, Греми наградите за музика и наградите Оскар за филм. Личноста која ги освоила сите четири награди се вели дека ја добила наградата EGOT. Наградите Тони се американски еквивалент на наградите Лоренс Оливие од Обединетото Кралство и наградите Молиер во Франција.
Историја
уредиПрвата церемонија на Тони наградите се одржала на 6 април 1947 година, една година по смртта на американската глумица Антоанета Пери , по која и била наречена наградата.[3] Во првите години од доделувањето се нарекувале „Пери награди“.[4][5]
Од 1967 година, церемонијата на доделување на наградите се емитува на американската национална телевизија.
Рекорди
уредиПретстави
уреди- Номинации: Најмногу номинации за Тони добил мјузиклот Хамилтон (2016) со 16 номинации во 13 категории
- Добитник: Најмногу Тони награди добил мјузиклот Продуценти (2001) - 12 награди.
- Четири мјузикли ги освоиле сите „шест највисоко рангирани“ награди за оригинален мјузикл: Јужен Тихи Океан (1950), Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит (1979), Спреј за коса (2003) [6] и Посетата на бендот (2018 година); сите тие ја освоиле наградата за најдобар мјузикл, најдобра музика, најдобра книга, најдобра главна машка улога, најдобра главна женска улога и најдобра режија.
- Две драмски претстави ги освоиле сите „четири највисоко рангирани“ за оригинална драма: Кој се плаши од Вирџинија Вулф? (1963) и Вистинското нешто (1984); ги добиле наградите за најдобра претстава, најдобра главна машка улога, најдобра главна женска улога и најдобра режија.
- Актерски награди: Само една претстава, Јужен Тихи Океан (1950), ги освоила сите четири актерски награди во една година.
- Смртта на трговскиот патник од Артур Милер во 2012 година станала прва претстава (драма или мјузикл) која победила како најдобра продукција во четири различни години
Наводи
уреди- ↑ Staff (undated). "Who's Who" Архивирано на 23 декември 2016 г.. tonyawards.com. Retrieved September 13, 2013.
- ↑ "Tony Awards Rules and Regulations for 2013–14 season" Архивирано на 2 јули 2017 г. tonyawards.com, accessed June 12, 2014
- ↑ Nassour, Ellis (June 10, 2011). „From The 2011 Tony Playbill: Who Was the Original 'Tony'?“. Playbill. Архивирано од изворникот на May 6, 2013. Посетено на July 4, 2013.
- ↑ „20 Stage Notables Get Perry Awards“. The New York Times. April 7, 1947. стр. 40.
- ↑ „Drama, Musical Win Perry Prizes“. The New York Times. March 30, 1953. стр. 26.
- ↑ Jones, Kenneth (June 9, 2003), " 'Take Me Out', 'Hairspray' Are Top Winners in 2003 Tony Awards; 'Long Day's Journey', 'Nine' Also Hot"Архивирано на 25 август 2017 г. Playbill (playbill.com) Retrieved August 26, 2017.
Надворешни врски
уреди- Матична страница Tony Award ® Productions
- Тони (награда) на Твитер
- Тони на Facebook
- Tony Awards on Instagram
- The Tony Awards's channel on YouTube
- Tony Awards (CBS official broadcast website)
- American Theatre Wing (official website)
- The Broadway League (official website)