Тодор Жилков
Тодор Жилков, во бугарските документи се сретнува и како Тилков, бил свештеник и поп кој служел во Струмица, и Водоча. Покрај притисоците од Патријаршијата тој бил еден од единствените попови во струмичко кои богослужеле на словенски народен јазик.
Тодор Жилков |
Биографија
уредиТодор е роден е во Струмица, која тогаш била дел од Османската империја. Тој е еден од водачите на струмичани во нивната борбата за црковна незавиност од Цариградската патриаршија. За таа цел, и со цел да може да богослужи на словенски тој во 1871 година е делегат од Струмичката епархија на Првиот бугарски црковно-народен собор во Цариград. На 14 мај истата година станува еден од потпишувачите за пристапување кон Бугарската екзархија.[1]
Од написити на егзархискиот митрополит Герасим Струмчки, попот Теодор во Водоча уживал голема подршка во својата борба да богослужи на народен јазик и покрај притисоците на грчките владици. Токму затоа литургијата во Водочката црква непрекинато продолжила да се води на словенски јазик, во време кога во Струмица тоа било речиси невозможно.
Жилков и учителот Агапи Војнов, уживале голема морална и материјална подршка од велешките трговици, и македонски преродбеници браќа Шулеви, и под нивно покровителство ќе започнат и народно училиште во Струмица. Ваквите смели акции, ќе предонесат да дојде во директен судир со грчкиот струмички митрополит Јеротеј, кој наредил и тој и Војнов да бидат претепани.
Претепувањето предизвикало скандал, не само во Струмица, туку стигнало и до Солунскиот валија, па како последица на тоа струмичкиот кајмакан бил отпуштен, а Патријаршијата морала да го премести Јеротеј надвор од Струмица.
За жал, грчките клевети не престанале тука, и поради неговата непокелбливост османлиските власти во 1870-те години го преместиле во Сер. Поради тоа неговите четири малолетни деца останале без било какви приходи и издршка.
Неговиот живот завршил во селото Вишене, Серско, каде бил поставен да богослужи. Тука во 1879 умрел и бил закопан до селската црква. Познатион учител Арениј Костенцев, тврди дека намерно бил отруен од грците во Сер.
Еден од неговите синови ќе продолжи по неговите стапки, и ќе се истакне како просветен и револуционерен деец - Васил Поп Тодоров.
Семејство
уреди- ↑ Маркова, Зина (1989). Българската екзархия 1870 – 1879. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 325.