Тлемсен

(Пренасочено од Тлемцен)

Тлемсен (на арапски: تلمسان) е град во северозападен Алжир и седиште на владата на провинцијата Тлемсен. Неговото население е проценето на 130,000 жители. Името доаѓа берберскиот збор "Tilmisan", што значи "изворите".

Локација на Тлемсен во Алжир

Градот се наоѓа во центарот на регион познат по своите плантажи со маслинки и лозови насади. Тлемсен има развиена индустрија за текстил и килими, кои се носат до пристаништето Рашгун за извоз.

Знаменитости во градот се гробовите на Сиди Бу Медиен, чиј гроб е во состав на џамија и Хуари Бумедиен, вториот претседател во Алжир.