Ти се смееш (филм од 1998)

Ти се смееш (италијански: Tu ridi) - италијански филм од 1998 година, во режија на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани, кои се автори и на сценариото. Филмот е заснован врз два расказа на Луиѓи Пирандело. Главните улоги ги толкуваат: Антонио Албанезе (Antonio Albanese), Сабрина Ферили (Sabrina Ferilli) и Тури Феро (Turi Ferro). И во овој филм, браќата Тавијани покажале извонредна смисла за оживување на светот на големиот писател Пирандело, за неговото чувство за т.е. обични луѓе и за трагичните димензии на секојдневниот живот. Иако приказните во филмот се разликуваат, нив ги поврзува истата нишка - прашањата на совеста и на латентната насилност.[1]

Синопсис

уреди

Филмот се состои од две приказни: главниот јунак во првата е Феличе (го игра Албанезе), човек на средна возраст, кого неочекувано почнуваат да го прогонуваат сеќавањата на учеството во нечовечна постапка кон еден негов познаник. Така, тој запаѓа во голема криза, засилена и од неколку други настани од неговото минато, која во потполност ја нарушува неговата сегашна егзистенција. Во втората приказна се зборува за киднапирано момче, кое е одведено во планината, на местото каде сицилијанските разбојници пред сто години го затвориле лекарот Барало. И на момчето му се заканува истата судбина...

Наводи

уреди