Тиоредоксински склоп

Тиоредоксински склопбелковински (белковински) склоп кој е заеднички за ензимите кои го катализираат создавањето на дисулфидните врски и изомеризацијата. Склопот е именуван по тиоредоксинот (класа на мали редокс белковини) и може да се најде и кај прокариотските и кај еукариотските организми. Тој е пример за алфа/бета белковински склоп со оксидоредуктазна активност. Просторната топологија на склопот се состои од четири-верижна антипаралелна бета-плоча, која се наоѓа во сендвич меѓу три алфа-завојницаа. Топологијата на бета нишките е 2134, каде 3 е антипаралелна на останатите.

Тиоредоксин
Една молекула на човечки тиоредоксин (PDB ID 1ERT), типичен пример на класата на тиоредоксински склоп.
Назнаки
СимболТиоредоксин, Trx
PfamPF00085
Pfam-кланCL0172
InterProIPR013766
PROSITEPDOC00172
SCOP3trx
SUPERFAMILY3trx
CDDcd01659
Тиоредоксин
Назнаки
СимболTrx

Сочуваност на низата

уреди

И покрај тоа што постои голема варијабилност во низата, тиоредоксинските белковини споделуваат иста низа на активното место, со две реактивни цистеински остатоци: Cys-X-Y-Cys, каде X и Y се често, но не секогаш, хидрофобни аминокиселини. Редуцираната форма на белковината содржи две слободни тиолни групи на цистеинските остатоци, додека оксидираната форма содржи дисулфидна врска меѓу нив.

Формирање на дисулфидни врски

уреди

Различните белковини кои содржат тиоредоксин се разликуваат многу во нивната реактивност и во pKa на нивните слободни тиоли, што произлегува од способноста на целокупната структура на белковината да го стабилизира активираниот тиолат. Иако структурата е прилично доследна меѓу белковините кои го содржат тиоредоксинскиот склоп, pKa вредноста е исклучително чувствителна на мали варијации во структурата, особено поставеноста на атомите од полипептидниот ’рбет во близина на првиот цистеин.

Примери

уреди

Човечки белковини кои го содржат овој склоп се:

  • DNAJC10
  • ERP70
  • GLRX3
  • P4HB; P5; PDIA2; PDIA3; PDIA4; PDIA5; PDIA6; PDILT
  • QSOX1; QSOX2
  • STRF8
  • TXN; TXN2; TXNDC1; TXNDC10; TXNDC11; TXNDC13; TXNDC14; TXNDC15; TXNDC16; TXNDC2; TXNDC3; TXNDC4; TXNDC5; TXNDC6; TXNDC8; TXNL1; TXNL3

Наводи

уреди
  • Creighton TE. (2000). Protein folding coupled to disulphide-bond formation. In Mechanisms of Protein Folding 2nd ed. Editor RH Pain. Oxford University Press.

Надворешни врски

уреди