Оксидоредуктаза е ензим кој го катализира преносот на електрони од една на друга молекула. Овие ензими како кофактори најчесто користат NADP или NAD+.

Реакции

уреди

На пример, оксидоредуктаза е ензим кој ја катализира следнава реакција:

A + B → A + B

Во овој пример, A е електрон дарител и B е електрон акцептор.

Класификација

уреди

Оксидоредуктазите се класифицирани број EC 1 во класификацијата на ензими. Тие понатаму можат да бидат поделени на 22 подкласи:

  • EC 1.1 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-OH дарителна група (алкохол оксидоредуктази)
  • EC 1.2 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на алдехидната или оксо дарителна група
  • EC 1.3 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-CH дарителна група (CH-CH оксидоредуктази)
  • EC 1.4 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-NH2 дарителна група
  • EC 1.5 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH-NH дарителна група
  • EC 1.6 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на NADH или NADPH
  • EC 1.7 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на други азотни соединенија како дарители
  • EC 1.8 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на сулфурна група како дарители
  • EC 1.9 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на хем групата како дарители
  • EC 1.10 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на дифенолите и слични супстанци како дарители
  • EC 1.11 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на пероксидите како акцептори (пероксидази)
  • EC 1.12 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на водородот како дарители
  • EC 1.13 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на поединечни дарители со инкорпорација на молекуларен кислород (оксигенази)
  • EC 1.14 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на спарени дарители со инкорпорација на молекуларен кислород
  • EC 1.15 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на супероксид радикалите како акцептори
  • EC 1.16 вклучува оксидоредуктази кои ги оксидираат металните јони
  • EC 1.17 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на CH или CH2 групите
  • EC 1.18 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на железо-сулфур белковините како дарители
  • EC 1.19 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на редуциран флаводоксин како дарител
  • EC 1.20 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на фосфорот или арсенот во дарители
  • EC 1.21 вклучува оксидоредуктази кои дејствуваат на X-H и Y-H до формирање на X-Y врска
  • EC 1.97 вклучува други оксидоредуктази

Надворешни врски

уреди