Тинејџерскиот бунт е дел од развојот кај младите, со цел тие да развијат идентитет независен од нивните родители или семејство и способност за независно донесување одлуки .[1] Тие можат да експериментираат со различни улоги, однесувања и идеологии како дел од овој процес на развивање на идентитет.[2]

Психологијата, го категоризира тинејџерскиот бунт како збир на одлики на однесување, кои ја надминуваат класата, културата или расата ;[3] Сепак, некои психолози ја оспоруваат универзалноста на феноменот.[4]

Според теоријата за управување со тероризам, родителскиот авторитет кај децата може да ослабне по откритието дека родителите, како нив и сите останати, се смртни. Тоа им создава несвесна потреба за безбедност, поголема од онаа што самите родители ја даваат. Тинејџерите се обидуваат својот придонес да го сметаат како битен за аспектите на културата, кои го го надминуваат животниот век на смртната единка. Меѓутоа, бидејќи родителите, исто така, му ги наметнуваат своите културни убедувања на детето, ако детето не ја поврзе смртноста на неговите родители со нивните културни верувања, шансите за бунт се намалуваат.[5]

Природа

уреди

Останува одредена дебата за тоа дали причините за бунт кај тинејџерите се сосема природни или неопходни. Некои сметаат дека неуспехот на адолесцентот да постигне чувство на идентитет, може да резултира во збунетост и неможност за избор на професија. Овие притисоци најчесто се развиваат кога на адолесцентите се гледа како на возрасни.

Пример за тоа е западниот свет, каде возраста на која некој се смета за возрасен (во културна и во правна смисла) напредуваше од раните тинејџерски години во претходните векови, до доцните тинејџерски години - па дури и во раните дваесетти години, во денешното општество

Меѓутоа, во „ Сајентифик Американ“, психологот од Харвард, Роберт Епштајн ја негира идејата за „незрелиот мозок кој наводно предизвикува проблеми со тинејџерите“. Според него тоа претставува мит, и тој вели дека турбуленциите што честопати се сметаат за типични за овие години не се „универзален феномен на развој“.

Епштајн, исто така, тврди дека надворешните фактори - особено „ третирањето на се постари и постари луѓе како деца, истовремено изолирајќи ги од возрасните и донесувањето закони за ограничување на нивното однесување“ - се причинители на гневот што се гледа кај многу американски тинејџери.[6] Исто така, во една статија од Робин Лустиг од Би-Би-Си, академик Синтија Лајтфут наведува дека она што сега се смета за младинска култура е создадено со доаѓањето на задолжителното формално образование во Соединетите Држави, како резултат на поделбата на помладите и постарите луѓе што произлезе од тоа . Лустиг забележува дека процветањето на бунтовните ставови кај тинејџерите од другите земји е истовремено со воведувањето на западната култура во тие земји.[7]

Бунт против нормите на врсниците

уреди

Додека тинејџерскиот бунт може да вклучува кршење на законот или други правила, тој може да биде ограничен на кршење на општествените норми, вклучувајќи ги и оние утврдени од самите тинејџери. Според Ребека Шрафенбергер, нејзините врсници ја гледале нејзината срамежливост „како ранливост и ... направиле игра на плен врз неа. Залудно потрошив неколку години обидувајќи се да се вклопам, да ја носам облеката од Бенетон и да ги купам ултра-тренди фармерките „Guess“. Кога имав петнаесет години, се откажав “.[8] Така, Шрафенбергер ги напушти општествените норми, избирајки алтернативна малцинска готик култура. Голем дел од готската култура им се спротивставува на мнозинските тинејџерски норми со својот интерес за теми како што се смрт, темна музика, депресија и емоционална демонстрација.

Социо-емотивната мрежа

уреди

Психологот од Универзитетот Темпл, Лоренс Стајнберг, сугерира дека „системите за запирање во мозокот ги прават адолесцентите поподложни на ризично или опасно однесување“.[9] Стајнберг наведува дека „истражувањето не го поддржува стереотипот на адолесцентите како ирационални поединци кои веруваат дека се неповредливи и кои не се свесни, невнимателни или не се грижат за потенцијалните штети на ризичното однесување“.[10] Тој тврди дека преземањето ризик опаѓа помеѓу адолесценцијата и зрелоста [11], поради созревањето на когнитивниот систем на контрола, што ја зајакнува можноста да го инхибира импулсивното однесување . Преземањето тинејџерски ризик е производ на интеракција помеѓу социо-емоционалните и когнитивните мрежи на контрола [12], а адолесценцијата е период во кој првиот станува поактивен во пубертетот, додека вториот добива сила за подолг временски период. Сепак, поголемиот дел од времето оваа мрежа не е многу активна.[13] Значи, кога социо-емоционалната мрежа не е многу активирана (на пример, кога поединците не се емоционално возбудени или се сами), когнитивната контролна мрежа е доволно силна да наметне регулаторна контрола врз импулсивното и ризично однесување.

Студија на Корнел од 2006 година утврди дека тинејџерите имаат поголема веројатност да размислат за ризик додека донесуваат одлука, и подолг временски период, отколку возрасните. Тие, најверојатно, ќе ги преценат ризиците, всушност. Тинејџерите исто така ќе ризикуваат затоа што сметаат дека наградата, како што е моменталното задоволување или прифаќањето од врсници, е повредна.[14]

Поврзано

уреди
  • Јаз во генерација
  • Позитивен развој на возрасните

Користена литература

уреди
  1. „Rebellion and Defiance in Adolescents“. Psychology Today (англиски). Посетено на 2020-07-24.
  2. „Teenagers: Why Do They Rebel?“. WebMD (англиски). Посетено на 2020-07-24.
  3. „Teen rebellion marks subconscious separation from parents“. USC News (англиски). 2015-04-17. Посетено на 2020-07-24.[мртва врска]
  4. Kapadia, Shagufa; Miller, Joan (March 2005). „Parent–Adolescent Relationships in the Context of Interpersonal Disagreements: View from a Collectivist Culture“. Psychology and Developing Societies (англиски). 17 (1): 33–50. doi:10.1177/097133360501700103. ISSN 0971-3336.
  5. „(PDF) Thirty Years of Terror Management Theory“. ResearchGate.
  6. Epstein, Robert (June 1, 2007). „The Myth of the Teen Brain“. Посетено на May 31, 2016.
  7. Lustig, Robin (2006-12-06). „Teen rebellion - a Western export?“. BBC. Посетено на February 19, 2017.
  8. Schraffenberger, Rebecca. (2007) "This Modern Goth (Explains Herself)", Goth Undead Subculture. New York: Duke UP, 2007.
  9. „Teenage Risk-taking: Biological And Inevitable?“. Temple University. Science Daily. April 12, 2007. Посетено на July 21, 2009.
  10. Temple University (2007). Risk Taking in Adolescence: New Perspectives From Brain and Behavioral Science. Current Directions in Psychological Science pg. 55-59
  11. Steinberg L. (2008). “A Social Neuroscience Perspective on Adolescent Risk-Taking”. Developmental review.
  12. Drevets W, Raichle M. (1998) "Reciprocal suppression of regional cerebral blood flow during emotional versus higher cognitive processes: implications for interactions between emotion and cognition". Cognition and Emotion. 12:353–385
  13. Lambert, A. E., Simons-Morton, B. G., Cain, S. A., Weisz, S., & Cox, D. J. (2014). "Considerations of a Dual-systems Model of Cognitive Development and Risky Driving". Journal of research on adolescence.
  14. „Why Teens Do Stupid Things“. Cornell University. Science Daily. December 12, 2006. Посетено на July 21, 2009.

Надворешни врски

уреди