Тимоти Геглајн (англиски: Timothy Goeglein), (Форт Вејн, 6 јануари 1964) — специјален асистент на претседателот на САД, Џорџ В. Буш, и заменик директор на Канцеларијата за јавни врски во Белата куќа од 2001 до 2008 година. Во јануари 2009 година, Геглајн станал потпретседател за надворешни и владини односи за христијанската организација Фокус на семејството.

Тимоти Геглајн
Timothy Goeglein
поранешен Специјален советник на американски претседател
Лични податоци
Роден(а) 6 јануари 1964(1964-01-06)(60 г.)
Форт Вејн, Индијана, САД
Партија Републиканска партија на САД
Образование Универзитет во Блумингтон, Индијана

Животопис

уреди

Геглајн е роден на 6 јануари 1964 година во Форт Вејн, Индијана.

Тој е Американец, но со македонско потекло бидејќи потекнува од семејство на македонски имигранти кои се преселиле во САД.[1]

Високото образование го завршува на Универзитетот во Блумингтон, Индијана, на насоките Новинарство и Политички науки.

Како истакнат кадар на Републиканската партија во САД, Геглајн ќе биде повикан да работи на позицијата Специјален советник на американскиот претседател Џорџ Буш Јуниор и Заменик директор во Канцеларијата за јавни и меѓувладини односи при Белата куќа, од 2001 до 2008 година.[2] За време на администрацијата на Буш, кога Геглајн бил претседателски советник, македонската држава ќе добие официјално признавање од САД под тогашното уставно име Република Македонија.[3]

Претходно, Геглајн работел како асистент на сенаторот на сојузната држава Индијана, Ден Коутс, а бил и портпарол на републиканецот Гери Бауер, кандидат за Претседател на САД во 2000 година.

Тој сега работи како Потпретседател за надворешни односи во Фокус на семејството, американска непрофитна огранизација од христијански и конзервативен карактер.[4]

Наводи

уреди
  1. Politics in the Public Arena with Tim Goeglein part 1 HD, Посетено на 2023-08-02
  2. Washington, Sarah Pulliam Bailey in; D.C.| (2011-11-03). „Q & A: Timothy Goeglein on Redemption After Plagiarism“. ChristianityToday.com (англиски). Посетено на 2023-08-02.
  3. Reuters (2004-11-05). „Washington recognises Macedonia“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-08-02.
  4. „Tim Goeglein“. Focus on the Family (англиски). Посетено на 2023-08-02.

Надворешни врски

уреди