Тие живеат (англиски: They Live) — американски научно-фантастичен хорор филм на режисерот и сценарист Џон Карпентер од 1988 година.[1] Главните улоги ги толкуваат Роди Пајпер, Кит Дејвид и Мег Фостер. Во филмот е нагласен стравот од економскиот колапс во рамките на алчната материјалистичка култура на Америка и потрошуваштвото.

Се работи за осамениот скитник Нада кој открива дека припадниците на богатата владејачка класа всушност се вонземјани кои го користат сигналот на телевизиските станици како би управувале со луѓето, би го прикриле својот вистински изглед и би пренеле потсвесни пораки во масовните медиуми.

НаводиУреди

  1. They Live (1988)(англиски)

Надворешни врскиУреди