Тигран III (50-ти години п.н.е. – 8 година п.н.е..) — принц на Ерменското кралство и член на Артешесидската династија кој служел како римски клиентски крал на Ерменија од 20 година п.н.е. до 10 година п.н.е.[1]

Тетрадрахма на Тигран III

Семејна позадина и ран живот

уреди

Тигран III беше втор син на Артавазд II Ерменски и анонимна мајка.[2] Тигран III имал постар брат наречен Арташес II[3] и анонимна сестра за која се верува дека била во брак со кралот Архелај Кападокиски.[4] Тој е роден и израснат во Ерменија. Тигран III беше имењак со неговиот дедо, ерменскиот цар Тигран Велики, исто така познат како Тигран II.

Живот во римско ропство и пораст на ерменски кралство

уреди

Римскиот тримувир Марко Антониј го зароби Артавазд II со неговото семејство како политички затвореници и ги однесе во Александрија каде Артавазд II беше подоцна погубен по наредба на птолемејската кралица Клеопатра VII.[2] Во 34 година п.н.е., Арташес II побегна кај кралот Фраат IV Партски.[5] Со поддршка на Фраат IV, тој ја нападна Ерменија и го стави Арташес II на престолот.[6]

По Битка кај Акциум во септември 31 п.н.е. и откако Октавијан (идниот римски цар Август) го нападна Египет во 30 година п.н.е. по што ја анексирал земјата и таа потпаднала под власт на Римската Република, Тигран III беше пренесен од Александрија во Рим. Во Рим Тигран III живеел во политички егзил и се здобил со римско образование.[7] Во 20 година п.н.е., по 10 години поминати во Рим, Арташес II се покажа како непопуларен владетел.[5]

Ерменците изгубиле верба во нивниот владејачки монарх и пратиле гласници до Октавијан, барајќи од него да го отстрани Арташес II од престолот и да го замени со Тигран III како негов наследник. Октавијан се согласил со барањето на Ерменците.[8] Тој го испрати својот син Тибериј со Тигран III,[8] придружени со голема војска да го отстранат Арташес II од престолот. Пред Тибериј и Тигран III да пристигнат во Ерменија, интригата во палатата беше успешна и Арташес II бил убиен.[5] Римјаните го ставиле Тигран III на престолот како нов неприкосновен цар на Ерменија.

Ерменско кралство

уреди

Тигран III владеел како цар на Ерменија 10 години.[1] Иако царувал значителен период, малку е познато за неговото владеење. Неговото владеење донело мир и стабилност за Ерменија и таа одржуванала мирољубиви односи со Рим.

Тигран III беше преживеан од неговите две деца од две различни неименувани мајки: син наречен Тигран IV и ќерка наречена Ерато,[9] кои го наследиле ерменскиот престол од нивниот татко.[10]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Yarshater, The Cambridge History of Iran, p.613
  2. 2,0 2,1 Bunson, Encyclopedia of the Roman Empire, p.47
  3. Swan, The Augustan Succession: An Historical Commentary on Cassius Dio’s Roman History, Books 55-56 (9 B.C.-A.D. 14), p.112
  4. Cassius Dio, Roman History 49.39.2
  5. 5,0 5,1 5,2 Bunson, Encyclopedia of the Roman Empire, p.48
  6. Daryaee, The Oxford Handbook of Iranian History, p.173
  7. Naroll, Military Deterrence in History: A Pilot Cross-Historical Survey, p.161
  8. 8,0 8,1 Temporini, Politische Geschichte (Provinzen Und Randv Lker: Griechischer Balkanraum; Kleinasien): Griechischer Balkanraum; Kleinasien), p.979
  9. History of Armenia by Vahan Kurkjian, Chapter 14: Artavazd – The last Tigranes
  10. Bunson, Encyclopedia of the Roman Empire, p.200

Извори

уреди
  • Res Gestae Divi Augusti, Paragraph 27 - 1st century
  • R. Naroll, V.L. Bullough & F. Naroll, Military Deterrence in History: A Pilot Cross-Historical Survey, SUNY Press, 1974
  • H. Temporini & W. Haase, Politische Geschichte (Provinzen Und Randv Lker: Griechischer Balkanraum; Kleinasien): Griechischer Balkanraum; Kleinasien), Walter de Gruyter, 1980
  • E. Yarshater, The Cambridge History of Iran, Cambridge University Press, 1983
  • P.M. Swan, The Augustan Succession: An Historical Commentary on Cassius Dio’s Roman History, Books 55-56 (9 B.C.-A.D. 14) (Google eBook), Oxford University Press, 2004
  • M. Bunsen, Encyclopedia of the Roman Empire, Infobase Printing, 2009
  • T. Daryaee, The Oxford Handbook of Iranian History, Oxford University Press, 2012
  • History of Armenia by Vahan Kurkjian, Chapter 14: Artavazd – The last Tigranes

Надворешни врски

уреди