The-Dream

американски Р&Б пејач, текстописец и снимачки продуцент
(Пренасочено од Териус Неш)

Териус Јангдел Неш, (анг. Terius Youngdell Nash) подобро познат по неговото сценско име The-Dream, е американски Р&Б пејач, текстописец и снимачки продуцент. Роден е во Рокингам, Северна Каролина и е пораснат од неговата мајка Рева Неш сè до нејзината смрт на 35 години. The-Dream се преселил во Атланта, Џорџија, каде бил пораснат од неговиот дедо.

The-Dream
The-Dream изведува на 10 септември 2008 во Њујорк Сити.
Животописни податоци
Родено имеТериус Јангдел Неш
Роден(а)Rockingham, North Carolina
ПотеклоАтланта, Џорџија, САД
ЖанровиР&Б, хип-хоп
ЗанимањаПејач-текстописец, снимачки продуцент, рапер
Период на активност1998–Present
ИздавачиDef Jam, Radio Killa
СоработнициКристофер „Трики“ Стјуарт, Лос да Мистро, Електрик Ред
Мреж. местоthe-dreammusic.com

The-Dream се сретнал со R&B продуцентот Лани Стјуарт во 2001, кој му помогнал да потпише договор. Тој поминал две години на вториот албум од Нивеа Complicated и продолжил да пишува и продуцира со Кристофер „Трики“ Стјуарт, пратот на Лани. Заедно, The-Dream и Трики ги продуцирале „Umbrella“ од Ријанаод 2007 и „Single Ladies (Put a Ring on It)“ од Бијонсе, што ја открило кариерата на The-Dream. Тој потпишал договор со Def Jam Records во 2007 и го издал неговиот прв студиски албум Love Hate подоцна истата година. Во март 2009, The-Dream го издал неговиот втор студиски албум Love vs. Money. Во јуни 2010, The-Dream го издал третиот албум, Love King.

Ран живот

уреди

Териус Неш е роден во Рокингам, Северна Каролина и се преселил со неговата мајка во Атланта на 3 години. Свирел на труба, тапани и гитара како дете.[1]

Наводи

уреди
  1. Cordor, Cyril; Kellman, Andy. „The-Dream > Biography“. Allmusic. Посетено на 2009-04-10.

Надворешни врски

уреди