Шалвари[1][2] — широки, лесни панталони кои, чие користење под влијание на Отоманското Царство, се проширило во балканските земји каде што османлиското влијание било доминантно. Ги носеле и мажи и жени, иако најчесто се класифицирани како делови од женски народни носии. Шалварите потекнуваат од античка Персија, потоа стигнале до балканската територија преку Јужна Азија и бројни земји на Отоманското Царство. Димиите се вид шалвари.

Фанерли Христиќ во шалвари на платно од Влахо Буковац од 1921 година.

Изглед

уреди
 
Шалвари

Шалварите биле со едноставен крој без џебови, широки во струкот, додека околу глуждовите биле целосно стеснети. Постоеле многу варијации во изгледот на шалварите, така што некаде биле целосно рамен крој, а можело да бидат украсени со реси на дното. Биле правени од бела, црна или темносина ткаенина, украсени со везови со црвен гајтан, додека кај муслиманите гајтаните биле зелени.[3] Тие биле задолжителен дел од женските народни носии, обично биле превиткувани во брчки, а имало и такви за свечени пригоди украсени со ширити и златовезни гајатани.[4]

Наводи

уреди
  1. „шалвари“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „шалвари“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Народне ношње“. 2011. Архивирано од изворникот на 27 декември 2012. Посетено на 22 април 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. Вукановић, Татомир (1978.). Врање. Врање: Раднички Универзитет у Врању. стр. 158–159. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Надворешни врски

уреди