Долама
Долама (турски: dolama) е машка горна облека со ракави. Најчесто била изработувана од бела клашна, а дополнително украсена со црни гајтани по шавовите. Ја носело машкото мијачко население од дебарскиот регион.
Долга е до под колена и се одликува со повеќе клиње. На страните има нашиено џебови, а долу цепови. За разлика од предниците и ракавите, кои се украсени со црни гајтани и бикме, сите рабови се опточени со зелена оптока. Празничната зетовска облека дополнително е орнаментирана со вез и со пулови, на лактите на ракавите со мотивот колчаци , а на предниците со мотивите петлиња и криваче.
Во некои региони (Кумановско) се среќава долама што по кројот е слична на елекот, само што има ракави. Таа била изработена од бела клашна и е долга до појасот, а на градите се преклопувала. Подоцна, во почетокот на XX в., во некои региони на Македонија започнала да се изработува од киткајка и да се полни со памук. [1]
Галерија
уреди-
Маж носејки долама од с. Јабланица, Дебарски Дримкол
-
Машка носија (десно) од Мала река, каде составен дел над сите облеки е доламата