Cestoda (тении)
Податотека:Tenia solium scolex.jpg
Сколекс на свинската тенија или Taenia solium
Научна класификација
Царство: Животни
Потцарство: Ткивни животни
Натколено: Platyzoa
Нерангирано: Bilateria
Колено: Platyhelminthes
Класа: Cestoda
Редови

Поткласа Cestodaria
Amphilinidea
Gyrocotylidea
Поткласа Eucestoda
Aporidea
Caryophyllidea
Cyclophyllidea
Diphyllidea
Lecanicephalidea
Litobothridea
Nippotaeniidea
Proteocephalidea
Pseudophyllidea
Spathebothriidea
Tetraphyllidea
Trypanorhyncha

Проглотис на Taenia saginata во кој се забележуваат утерусните разграноци полни со зрели јајце-клетки. На страна се забележува и гениталната пора.

Тениите и припаѓаат на класата Cestoda од сплесканите црви. Тие се најспецијализирани паразити од оваа група на животни. Паразитираат во дигестивниот систем на своите домаќини. Сите тении имаат барем еден, а понекогаш и повеќе од еден секундарен или преоден домаќин, од кој преминуваат во примарниот (дефинитивен) домаќин. Преминувањето од еден домаќин во друг е во содејство со развитокот на животните стадиуми на тенијата (ларви и возрасна единка). Преодни домаќини се најчесто без‘рбетници, а примарниот домаќин е ‘рбетник. Меѓутоа, во некои случаи и двата домаќини се ‘рбетници, како на пример случајот со говедската тенија (Taenia saginatus), а кај некои видови постои само еден единствен домаќин. Во животните циклуси на некои тении влегува и човекот, но инфекцијата обично не е сериозен здравствен проблем. Постојат повеќе од 1000 видови тении познати на науката и скоро секој вид на ‘рбетник може да биде инфициран со барем еден вид на тенија.

Морфо-анатомски одлики и начин на живот уреди

 
Цел организам на говедска тенија.

Зрелата тенија секогаш живее во цревата на домаќинот каде ја добива ,,бесплатно” својата храна. Цестодите еволуирале во животни без дигестивен систем, така што тие само апсорбираат хранливи материи од цревото на нивниот домаќин. За олеснување на овој процес, тие имаат развиено микроскопски набори на површината на телото кои многу ја зголемуваат апсорпционата површина. Тениите немаат потреба да се движат, па затоа кај нив отсуствуваат и локомоторни структури, т.е. немаат надворешни трепки (како кај нивните роднини планарии). Екскреторниот и нервниот систем се слични како и кај другите сплескани црви. Општиот план на градба на една тенија е претставен со глава на која се наоѓа комплициран сет на куки за закачување, по која следат репродуктивни сегменти.

Таксономија уреди

Класата Cestoda е поделена на две поткласи: Cestodaria и Eucestoda. Последната ги содржи сите оние животни кои ние ги сметаме за типични тении. Првата поткласа, пак, се состои од само неколку видови на необични црви со несегментирани и грубо овални по форма тела. Тие имаат само еден пар на репродуктивни органи и ларвите имаат 10 куки.

Eucestoda - вистински тении уреди

Eucestoda содржи само неколку видови кои не се изградени по стандардниот план на градба на една тенија. Ларвите имаат 6 куки. Телото на адултната форма се состои од глава која се нарекува сколекс што се разликува со присуството на пијавки и куки, но куките може да отсуствуваат како кај Taenia saginatus. Бидејќи живеат во темно тие немаат очи, а и бидејќи не се хранат стандардно, кај нив отсуствува уста. Зад сколексот се наоѓа брзорастечки материјал кој произведува непрекинливи серии од репродуктивни сегменти означени како проглотиси. Проглотисите ги содржат и машките и женските репродуктивни органи, што значи дека тениите се хермафродити. Машките органи созреваат пред женските. Кај некои видови (како кај рибната тенија Diphyllobothrium latum) може да има и до 3000 проглотиси (тело долго 20 метри) и да се произведуваат милиони јајце-клетки секој ден.

Во поткласата Eucestoda, видовите кои го инфицираат човекот се сместени во два реда, Pseudophyllidea и Cyclophyllidea, кои можат да се препознаат по различните животни циклуси. Болеста која резултира од заразата на човек со тенија се вика цестодијаза. Постојат две форми на цестодијази: ларвална и адултна, во зависност од тоа дали во организмот живее ларвална или адултна форма на тенија. Кај човекот, ларвалната цестодијаза се јавува во три форми: спарганоза, која е причинета од плероцеркоидните ларви на тениите од родот Spirometra; цистицеркоза, која е причинета од цистицеркната ларва на свинската тенија Taenia solium и ехинококоза или хидатидна зараза, предизвикана од хидатидно-цистната ларва на Echinococcus granulosus (кучешка тенија). Кај сите три случаи човекот не е нормален домаќин и е заразен случајно. И покрај тоа што овие инфекции се ретки, тие се од големо значење, бидејќи ефектите од заразата можат да се многу сериозни. Особено хидатидната зараза е проблем, бидејќи во многу случаи инфекцијата не може да се третира со хемотерапија или операција. Адултните цестодијази кај луѓето се многу почести, но помалку патогени. Само големите инфестации се способни да предизвикаат физичка штета на ѕидот на цревото и потенцијално да го блокираат цревото. Најсериозна е заразата со Taenia solium.