Темски Ферт

залив во северен Нов Зеланд

Темски Ферт (англиски: Firth of Thames, маорски: Tikapa Moana-o-Hauraki) — голем залив во северниот дел на Северниот Остров на Нов Зеланд. Претставува речно устие (ферт) на реките Ваихоу (порано Темза) и Пиако. На југоисточниот брег на заливот е сместен градот Темс.

Темски Ферт во рамките на Северен Остров
Темски Ферт
Местоположба на Темскиот Ферт во рамките на Северниот Остров
Сателитска снимка на поголемиот залив Хаураки и Темскиот Ферт (подолу).

Заливот се наоѓа на јужниот крај на поголемиот залив Хаураки, југоисточно од градот Окленд. Лежи на раседна долина или грабен, меѓу полуостровот Коромандел и венецот Хунуа, кој на југ продолжува во заливот Хаураки.

Conservation

уреди

Темскиот Ферт е важно заштитно подрачје за дождосвирци и други крајбрежни птици и се води како водна површина од меѓународно значење според Рамсарската конвенција. На западниот брег на заливот, кај местото Миранда има центар за заштита на крајбрежни птици.

Меѓутоа, заливот е значително оштетен од човековите активнности, особено со одводите од млекарски фарми и масовното школкарство со влечни мрежи, дури и четириесет години децении по престанокот на ваквиот лов.[1][2]

Во заливот можат да се забележат китови како јужниот мазен кит и Бридеовиот кит, кои во него се одмораат и раѓаат млади.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Nash, Kieran (26 June 2011). „Health of gulf in danger of collapsing“. The New Zealand Herald. Посетено на 30 June 2011.
  2. „The Hauraki Gulf Marine Park, Part 2“. Вметок во The New Zealand Herald. 3 March 2010. стр. 4. |access-date= бара |url= (help)
  3. http://www.fishing.net.nz/asp_forums/huge-whale-calf-in-the-firth-of-thames-today_topic81602_page2.html

37°00′S 175°25′E / 37.000° ЈГШ; 175.417° ИГД / -37.000; 175.417