Телескоп „Виктор Бланко“

Телескоп „Виктор М. Бланко“ (англиски: Víctor M. Blanco Telescope), наречен и Бланко 4 м (Blanco 4m) — телескоп во склоп на Меѓуамериканската опсерваторија „Серо Тололо“, Чиле. Има отвор со пречник од 4 метри и изграден е во периодот од 1974 до 1976 г. Сличен е на телескопот „Николас Мејол“ на Националната опсерваторија „Кит Пик“ во Аризона, САД.[2][3][4] Телескопот го добил сегашното име во 1995 г., во чест на порториканскиот астроном Виктор Мануел Бланко.[5] Во периодот од 1976 до 1998 г. бил најголемиот оптички телескоп на јужната полутопка. Во 1998 г. таа чест ја добил Многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија (ESO).

Телескоп „Виктор Бланко“
Víctor M. Blanco Telescope
Телескопот „Виктор Бланко“
ОрганизацијаНационална опсерваторија за оптичка астрономија
МестоМеѓуамериканската опсерваторија „Серо Тололо“, Чиле
Надм. висина2.207 м
Бранова должинаоптичка
Изграден1974, завршен 1976 [1]
Видрефлекторски
Пречник4,0 м
Собирна површина10.014 м2
Држачекваторски, Ричи-Кретјенов
Сводсферен
Мреж. местоМатична страница Уредете го ова на Википодатоците
Страница на Ризницата Содржини на Ризницата

Почнувајќи од 2012 г.[6][7] главниот истражувачки инструмент на телескопот е Камерата за темна енергија (Dark Energy Camera, DECam), која се користи во Испитувањето на темната енергија (Dark Energy Survey).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Great Telescopes. (2003). In Atlas of the Universe. Retrieved from http://www.credoreference.com/entry/philipsuniverse/great_telescopes
  2. Freeman, Ira Henry (October 28, 1979). „An Astronomical Journey in Arizona“. The New York Times (Late City. изд.). стр. 377. ISSN 0362-4331.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 2016-06-29.
  4. Gregory, B; Abbott, T (July 22, 2008), The Blanco 4m Telescope, Cerro Tololo Inter-American Observatory
  5. „Brief History of THE CERRO TOLOLO INTER-AMERICAN OBSERVATORY“. Архивирано од изворникот на 2008-09-07. Посетено на 2016-06-29.
  6. Dark Energy Camera and Dark Energy Survey:photos, videos & graphics fnal.gov
  7. Berkeley Lab sensors enable first light for the dark energy camera phys.org Retrieved 2012-09-18

Надворешни врски

уреди