Телескоп Канада-Франција-Хаваи
Телескоп Канада-Франција-Хаваи – телескоп сместен во близина на врвот на планината Мауна Кеја на хавајскиот Голем Остров на надморска висина од 4 204 м и е една од опсерваториите што ги опфаќа опсерваторијата Мауна Кеја. Во работа е од 1979 година,[1], а неговата конфигурација е примарно жариште/Касегрен со корисен пречник од 3,58 м.
Телескопот КФХ на зајдисонце | |
Алтернативни имиња | CFHT,Canada–France–Hawaii Telescope |
---|---|
Дел од | Mauna Kea Observatories |
Локација | Hawaii County, Хаваи, САД |
Координати | 19.825347 |
Организација | University of Hawaiʻi at Mānoa Национален научноистражувачки совет на Канада Национален центар за научно истражување |
Код на опсерваторијата | T14 |
Надморска височина | 4 204 m |
Изграден | 1977 година |
Прва светлина | 1979 година |
Вид | примарно жариште/Касегрен |
Пречник | 3,58 m |
Мрежно место | http://www.cfht.hawaii.edu/ |
| |
Корпорацијата е формирана со трипартитен договор меѓу Универзитетот од Хаваи, Националниот истражувачки совет на Канада и Националниот центар за научни истражувања на Франција. Телескопот КФХ исто така има партнерство со Националната астрономска опсерваторија на Кина, Институтот за астрономија и астрофизика на Тајван, Националната лабораторија за астрофизика на Бразил и Корејскиот институт за астрономски и вселенски науки на Кореја. Моментално, времето за посматрање на телескопот КФХ им се нуди на научниците од сите седум земји-партнери. Астрономите од Европската унија можат да поднесат предлози преку пристапната програма на Оптичкиот инфрацрвена координативна мрежа за астрономија (OPTICON, Optical Infrared Coordination Network for Astronomy).
Телескопот КФХ моментално работи со четири инструменти:
- МегаКам,[2] со видно поле од 1 квадратен степен и аголна резолуција од 0,18 ".
- ВирКам,[3] со видно поле од 0,1 квадратен степен во инфрацрвеното поле и аголна резолуција од 0,3 ".
- ЕСПаДОнС, ,[4] спектрополариметар.
- СИТЕЛ, спектрограф со Фурјеова трансформација ]][5]
Телескопот КФХ, во соработка со Coelum Astronomia одржува јавно мрежно место нареченo „Хавајска ѕвездена светлина“[6] кој нуди екстремно висококвалитетни верзии на слики во разни формати.
Наводи
уреди- ↑ Canada France Hawaii Telescope
- ↑ MegaCam paper on ADS
- ↑ WIRCam paper on ADS
- ↑ ESPaDOnS paper on ADS
- ↑ [1]
- ↑ [2]
Надворешни врски
уреди„Телескоп Канада-Франција-Хаваи“ на Ризницата ? |
- The Canada–France–Hawaii Telescope Corporation (official site)
- Hawaiian Starlight
- National Research Council (Canada)
- Conseil National de la Recherche Scientifique (France)
- National Astronomical Observatories of China (China)
- ACADEMIA SINICA Institute of Astronomy and Astrophysics (Taiwan) Архивирано на 2 април 2022 г.
- Laboratório Nacional de Astrofisica (Brazil)
- Korean Space Science Institute (Korea) Архивирано на 8 јануари 2014 г.
- Coelum Astronomia
- WIRCAM optical configuration Архивирано на 31 јули 2012 г.
- Optical Infrared Coordination Network for Astronomy (OPTICON) Архивирано на 24 јули 2016 г.