Телесила (грчки:. Τελέσιλλα; ет 510 п.н.е.) била грчка поетеса, родена во Аргос.[1] [2]

Историја

уреди

Кога била болна, Телесила отишла кај Питија да се консултира за своето здравје, а таа ѝ рекла: „τὰς Μούσας θεραπεύειν“, што значи „служи им на музите“ и така Телесила се посветила на поезијата.

Кога Клеомен, кралот на Спарта, извршил инвазија на Аргос во 510 п.н.е., тој ги поразил и ги убил сите мажи во битката. Бидејќи повеќе намло мажи за борба, Телесила, го собрала оружјето од светилиштата и домовите, и ги вооружила жените.[3] Кога Спартанците се појавиле, Телесила и нејзината армијата не се исплашиле, туку се бореле храбро и ги победиле.[4] Лакедемонците, сфаќајќи дека да победат жени би бил завиден успех, додека поразот би значел срамна катастрофа, отстапиле.[5]

Според Павзаниј, во слава на херојската победа против спартанската војска, во Аргос имало статуа во предниот дел на храмот на Афродита посветен на Телесила.[6] Статуата прикажувала жена која во раката држи шлем, во кој гледа занесено, и книги кои и лежат кај нозете.[7] [8] Фестивалот Хибристика или Ендиматиа, во кој мажите и жените разменувале облека, исто така го славел хероизмот на своите женски сонародници. Сепак, статуата видена од Павзаниј можеби не била посветена на Телесила; таа подеднакво би можела да ја претставува Афродита, како сопруга на Арес и воинствена божица (книгите, сепак, не се вклопуваат). А Хибристиката би можел да биде верски фестивал поврзан со обожавањето на некое андрогино божество.

Херодот (VI. 76) не ја споменува интервенцијата на Телесила, но тој спомнал оракул, изјавен од страна на Питинска свештеничка, која предвидела дека жената треба да го освои мажот.

Лукан споменува дека по победата на Телесила против Спартанците, Арес бил во Аргос меѓу боговите на жените. [9]

Од песните на Телесила останале само два стиха, цитирани од страна на граматичарот Хефестион, од Пертенејон или песна за хорот на девојки.

Наводи

уреди
  1.   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Telesilla“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
  2. Pausanias: Description of Greece, ARGOLIS- 2.20.8
  3. Pausanias: Description of Greece, ARGOLIS- 2.20.9
  4. Pausanias: Description of Greece, ARGOLIS- 2.20.9
  5. Pausanias: Description of Greece, ARGOLIS- 2.20.9
  6. „Beleške“, во: Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, str. 124.
  7. Pausanias: Description of Greece, ARGOLIS- 2.20.8
  8. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 75.
  9. [1]