Телашќица
Телашќица ― залив во југоисточниот дел на островот Дуги Оток, Хрватска, во Јадранското Море. Тоа е назначен природен парк, полн со диви животни и морски суштества.
Географија
уредиТелашчица е 10 км долга, широка 160–1800 м, со длабок довод прошаран со карпи, островчиња и заливи. Карпите на Дуги Оток, месно наречени стени (stene), се издигнуваат до 161 м надморска височина и се спуштаат до длабочина од 90 м.[1] Заливот Телашќица, кој всушност се состои од три помали заливи, е добро, безбедно пристаниште за сите видови пловни тела. Североисточната страна на заливот е целосно гола, но југозападниот брег е покриен со густа шума од борови, маслинки и смокви.[2] Во заливот има шест островчиња и карпи: Коротан, Галијола, Гоздењак, Фарфарикулац, Горњи Шкољ и Доњи Шкољ. Езерото Мир е морско водно езеро на тесен појас на копно помеѓу заливот Телашчица и отвореното море. Езерото е солено поради подземните врски со морето.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „About the Park“. Nature park Telašćica (англиски). Посетено на 2019-08-07.
- ↑ Radovinovič, Radovan (1999), The Croatian Adriatic, p. 192, Naklada Naprijed, ISBN 953-178-097-8
- ↑ „About Park-Salt lake Mir“. Nature park Telašćica (англиски). Посетено на 2019-08-07.