Теламон (старогрчки: Τελαμών = „кој потпомага, потпирач) — лик од старогрчката митологија, крал на Саламина. Тој бил син на Еак, брат на Пелеј и татко на Ајант Големиот. Теламон учествувал во Херкуловиот поход против тројанскиот крал Лаомедонт (татко му на Пријам), а таму Херкул му ја поклонил Хесиона, сестрата на Пријам.[1]

Теламон, претставен на зградата на судот во округот Вејн, во Охајо.

Наводи

уреди
  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.