Мариински театар
Мариински театар (руски: Мариинский театр) — значаен балетски и оперски театар во Санкт Петербург, Русија. Отворен е во 1860 година, станал еден од најистакнатите музички театри во Русија на касниот деветнаесетти век, каде премиерно се изведени многубројни ремек дела на Петар Илич Чајковски, Модест Мусоргски и Николај Римски-Корсаков. Во поголемиот дел од времето на Советскиот Сојуз, театарот бил познат како Киров театар. Денес, Мариинскиот театар е дом на Мариинскиот балет, Маринската опера и Мариинскиот оркестар. По пензионирањето на Јуриј Темирканов во 1988 година, генерален директор на театарот е диригентот Валериј Гергиев.[1][2]
Име
уредиТеатарот го носи името на царицата Марија Александровна, сопругата на императорот Александар II Николаевич. Во фоајето на главниот влез е бистата на царицата. Името на театарот се менувало низ историјата, како одраз на политичките струи од тоа време.
1860 | 1920 | Императорский Мариинский театр | Мариински театар |
1920 | 1924 | Государственный академический театр оперы и балета | Државен академски театар |
1924 | 1935 | Ленинградский государственный академический театр оперы и балета | Ленинградски државен академски театар |
1935 | 1992 | Государственный академический театр оперы и балета имени С. М. Кирова | Државен академски театар Киров |
1992 | - | Государственный академический Мариинский театр | Мариински театар |
Театарската зграда обично се нарекува Мариински театар. Заради лесна идентификација задржано е името Киров, стекнато за време на советската ера во чест на убиениот водач на ленинградската комунистичка партија Сергеј Киров.[1]
Појава
уредиЦарската драма, опера и балетска трупа е основана во 1783 година по налог на Катерина Велика. Првично, балетските и оперските претстави се одржувале во Дрвениот театар Карл Книпер во близина на денешниот Тристран мост. Театарот Ермитаж, покрај Зимската палата, служел за настапи за елитната публика од аристократски гости поканети од царицата.
Постојаната театарска зграда, позната како царски театар Бољшој Камен, била дизајнирана од Антонио Риналди. Таа била отворена во 1783 година. Театарот Бољшој Камен бил реновиран во 1836 година според дизајнот на Алберт Кавоц и служел како главен театар на Царскиот балет и опера. На 29 јануари 1849 година, на театарскиот плоштад бил отворен Коњичкиот циркус. Ова е дело на архитектот Кавос. Десет години подоцна, кога овој циркус изгорел, Алберт Кавос го вратил како куќа на опера и балет со најголема сцена во светот. Со капацитет од 1.625 места и италијански аудиториум во форма на потковица, театарот бил отворен на 2 октомври 1860 година.[1]
Премиерно изведени дела
уредиПремиерите на многу опери на Михаил Глинка, Модест Мусоргски и Петар Илич Чајковски биле одржани во царскиот Мариински театар и неговиот претходник, театарот Бољшој Камен. По наредба на театарскиот режисер Иван Всеволовски, и царскиот балет (балетот пристигнал во Мариинскиот театар во 1870 година) и царската опера биле преместени во Мариинскиот театар во 1886 година, бидејќи театарот Бољшој Камен се сметал за небезбеден. Таму реномираниот кореограф Мариус Петипа претставил многу свои ремек-дела, вклучувајчи ги и Трнорушка (балет) 1890 година, Крцко Орашчиќ (балет) 1892, Рајмонда (балет) 1898 и дефинитивно оживување на балетот Лебедово езеро 1895 година. Првиот оригинален балет кој е продуциран во Мариинскиот театар бил „Магични пилули", на музиката на Лудвиг Минкус. Други светски премиери во оваа куќа биле: опера Борис Годунов (1874), оперите на Чајковски Пикова дама (1896) и Јоланта (1892), ревидирана верзија на Сергеј Прокофјев балетите Ромео и Јулија (балет) (1940) и балетот на Арам Хачатурјан „Спартак“ (1956), како и операта на Николај Римски-Корсаков „Златен петел“ (1909) и балет на Прокофјев Пепелашка (балет) 1946 година (со Наталија Дудинска).[3]
Мариинскиот театар денес
уредиПод раководство на Јуриј Темирканов, главниот диригент од 1976 до 1988 година, оперскиот ансамбл продолжил да прави иновативни продукции на модерни и класични руски опери. Иако функционира одделно од балетот, од 1988 година двата ансамбли се под уметничко раководство на Валери Гергиев како уметнички директор на целиот театар. Оперскиот ансамбл влегол во нова ера на уметничка совршеност и креативност. Од 1993 година, влијанието на Гергиев врз операта бил огромно. Прво, тој ја реорганизирал својата деловна активност и воспоставил врски со многу големи светски оперски куќи. Некои од нив се: Кралската опера во Лондон, Операта Метрополитен, Операта Бастиља, Ла Скала, Ла Фениче, Израелската опера, Националната опера во Вашингтон и Операта во Сан Франциско. Денес ансамблот на операта редовно ги угостува овие градови. Во 1989 година се одржал фестивал во чест на Мусоргски. Слично на тоа, многу опери на Прокофјев биле претставени кон крајот на 1990-ти години. Опери од не-руски композитори започнале да се изведуваат на оригинални јазици, што му помогнало на оперскиот ансамбл да ги прифати светските трендови. Во моментов, оперскиот ансамбл има 22 сопрани (од кои Ана Нетребко е веројатно најпознат); 13 мецосопранови (со Олга Бородина, позната на американската и европската публика); 23 тенори; осум баритони и 14 басови. Сем Гергиев, генерален директор, има шеф на администрација во театар, режисер на сцена, раководители на сцена и асистенти, заедно со 14 асистенти.[4]
Концертна сала на театарот Мариински
уредиКонцертна сала на театарот Мариински била отворена во 2007 година. Ја дизајнирал француски архитект Ксавије Фабр и може да прими 1.100 луѓе.
Друга сцена
уредиКанадската компанија „Diamond and Schmit Architect“, заедно со нивниот локален партнер, дизајнирале нова зграда, наречена Втора сцена, која има 2.000 места и служи како додаток на постојниот театар. Изградбата започнала во 2003 година, по различен дизајн на францускиот архитект Жен Нувел. Новиот дизајнерски тим ја презеде градбата во 2009 година. Сцената била завешена во мај 2013 година, по цена од 700 милиони евра.[5]
Наводи
уреди„Мариински театар“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „MARIINSKY THEATRE“. www.mariinsky.ru. Посетено на 12 април 2019.
- ↑ В Петербурге новая сцена Мариинского театра встречала первых зрителей. Новости. Первый канал (руски), Посетено на 12 април 2019
- ↑ „Грэм Вик показал в Мариинке оперу „Средство Макропулоса"“. Российская газета (руски). Посетено на 12 април 2019.
- ↑ „Мариинский театр: четвертьвековые итоги | Belcanto.ru“. www.belcanto.ru. Посетено на 12 април 2019.
- ↑ „Novo zdanje Marinskog teatra“. RTS. Посетено на 5 април 2019.