Твајнингс

англиска марка на чаеви
(Пренасочено од Твинингс)

Твајнингс (англиски: Twinings) — марка чаеви од Ендовер, Хемпшир, Англија.

Музејската продавница на Твајнингс
Ерл Греј чај од Твајнингс

Томас Твининг ја отворил првата чајџилница во земјата во 1706, која и денес се наоѓа на истото место, 216 Стренд, Лондон. Фирмата ја прославила својата 300-годишнина со специјален чај и чајни кутии.

Твајнингс продава посебни чаеви како лапсанг сучонг, „Англиски појадок“, Лејди Греј и дарџилинг. Обично се смета дека оваа фирма била првата што ја создала мешавината Ерл Греј за време на премиерстувувањето на Чарлс, Вториот Ерл Греј, иако ова го оспорува нивната соперничка фирма Џексонс од Пикадили.

Во 2005, Твајнингс го исфрлиле на пазарот нивниот прв генерички (непосебен) чај под името „Everyday Tea“ (Секојдневен чај).

Фирмата е еден од основачите на Партнерството за етички чај Архивирано на 29 декември 2008 г., група чајни фирми кои работат на политика за праведна трговија и ги надгледуваат етичките услови на чајните плантажи.

Глумецот Стивен Фрај бил меѓу оние кои го рекламираре „Твајнингс“.

Значајни членови на семејството

уреди

Надворешни врски

уреди