Татјана Сумаркова
Татјана Сумаркова беше навигатор и Гардиски поручник во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк за време на Втората светска војна. Откако се објавени приказни за нејзиното херојство во Русија по распадот на Советскиот Сојуз, таа е прогласена за Херој на Руската Федерација во 1995 година.
Татјана Николаевна Сумаркова Татьяна Николаевна Сумарокова | |
---|---|
Починал | 28 мај 1997 Москва, Руска Федерација |
Држава | СССР |
Род | Советски воздухоловни сили |
Служба | 1942–1945 |
Чин | Гардиски поручник |
Единица | 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк |
Битки/војни | Источен фронт на Втората светска војна |
Одликувања | Херој на Руската Федерација |
Ран живот
уредиСумаркова е родена на 16 септември 1922 година во руско семејство. Нејзиниот татко, Николај Сумарков, е службеник во армијата. Отако завршува средно училиште во 1939 година, Татјана се запишува на Вториот Медицински Државен Институт каде учи сѐ до почетокот на војната во 1941 година. Станува член на Комунистичката Партија во 1943 година.[1]
Воена кариера
уредиПо почетокот на Втората светска војна, Сумаркова неколкупати бара да биде испратена на фронтот, но првично е одбиена и испратена да конструира одбранбено утврдување околу Москва. На 31 октомври 1941 година, Сумаркова и една од нејзините соученички, Хиуаз Доспанова, се запознаваат со Марина Раскова, Херој на Советскиот Сојуз и основачот на трите женски воздухопловни полка. Раскова ги приклучува кон аријата и им доделува навигациски курс на Енгелсовото училиште за воено воздухопловство. По завршувањето на обуката, тие се распоредени на фронтот на 23 мај 1942 година како дел од 588. Ноќен бомбашки полк и пристигнуваат на Северно-Кавкаскиот фронт на 27 мај. Татјана го добива својот прв Орден на Црвеното знаме во септември истата година, откако прелетува неколку борбени мисии во густа есенска магла. До октомври 1942 година, Сумаркова веќе има комплетирано 146 мисии. Откако влегува во единицата како навигатор за врска, Татјана половина од нејзините летови ги лета како навигатор за командантот на ескадрила, Марија Смирнова.[2][3]
За време на војната, Сумаркова учествува во офанзивите над Кубан, Крим, Кавказ, Таман, Краснодар, Белорусија и над Балтикот. Во 1943 година лета на бројни мисии за снабдување за да испрати муниција, падобрани и друго, на силите во Елтиген, Крим, низ многу густо есенско невреме и силен непријателски оган. Во 1943 година, 588. Ноќен бомбашки полк е прогласен за Гарда и е преименуван во 46. Гардиски Ноќен бомбашки полк. До октомври 1943 година, Татјана има завршено 390 мисии. На мисија во Керч, пилотирана од страна на Вера Тихомирова, двокрилецот По-2 е погоден од флак и опожарен. Авионот почнува да губи надморска височина, а Тихомирова е подготвена да изведе исфрлање на мора, но успева безбедно да го слета авионот на посакуваното одредиште. По преместувањето на германскиот фронт во летото 1944 година, Татјана зема учество во Курландската блоката. Таа постојано успева да навигира летови низ густа магла, па и двапати изведува принудно слетување. Нејзината последна борбена мисија е на 5 мај 1945 година, при што таа постигнува бројка од вкупно 809 мисии за време на војната.[3]
Потполковникот Евдокија Бершанскаја, командант на полкот, ја номинира Сумаркова за титулата Херој на Советскиот Сојуз. Но, документацијата со нејзината номинација е изгубена и таа добива Орден на Патриотската војна, прва класа, во декември 1945 година. Во 1995 година, откако нејзините подвизи се публицизирани, Татјана Сумаркова е прогласена за Херој на Руската Федерација со декрет издаден од претседателот на Руската Федерација, Борис Јелцин.[3][4]
Подоцнежен живот
уредиСумаркова е распуштена од армијата по завршувањето на војната и студира уредување и публицирање на Московскиот Државен Универзитет за печатени уметности. Таа и уште еден ветеран од нејзината единица, Раиса Аронова, се примени во Унијата на новинари на СССР. Петнаесет години Татјана работи како уредник за издавачката куќа Физичка култура и спорт, пред да пишува за весникот Советски Патриот и подоцна работи за издавачката куќа Знание. Во 1988 година, Сумаркова објавува книга за животот на Херој на Советскиот Сојуз од нејзиниот полк, Екатерина Рјабова и нејзиниот сопруг, Григори Сивков, кој пак двапати е прогласен за Херој на Советскиот Сојуз. Двајцата сопружници се ветерани од Втората светска војна.[1]
Сумаркова често држи јавни говори по војната, особено насочени кон младински групи. Исто така, таа е член на одборот на комитетот за португалско - советските односи. По војната, Сумаркова се мажи и го добива синот Александар. Прогласена е за Херој на Русија во 1995 година. Умира во Москва на 28 мај 1997 година, по што е погребана на Кунцевските гробишта.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Сумарокова Татьяна Николаевна“. www.airaces.ru (руски). Посетено на 2018-03-21.
- ↑ „Орден Красного Знамени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-03-21.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Сумарокова Татьяна Николаевна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-03-21.
- ↑ „Орден Отечественной войны I степени“. podvignaroda.ru. Посетено на 2018-03-21.
- ↑ „Headstone“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-03-21.