Марија Васиљевна Смирнова (31 март 1920 – 10 јули 2002) беше командант на ескадрила во 46. Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк (наречен Ноќни вештерки) на Советските воздухопловни сили за време на Втората светска војна. За нејзините подвизи во војната, таа е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 26 октомври 1944 година.[1]

Марија Васиљевна Смирнова
Мария Васильевна Смирнова
Починал10 јули 2002
Твер, Русија
ДржаваСССР СССР
Род Советски воздухопловни сили
Служба1941–1945
ЧинМајор
Единица46ти Тамански Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк
Битки/војниИсточен фронт на Втората светска војна
ОдликувањаХерој на Советскиот Сојуз

Ран живот

уреди

Марија Смирнова е родена во 1920 година во Русија, во сиромашно семејство. Првично оди во локалното селско училиште,[2] но на тринаесет години се запишува на наставничкиот колеџ во Твер. Кога дипломира, Смирнова започнува да работи како наставничка во средно образование. Училиштето е сместено во близина на аеродром, каде Смирнова првпат здогледува авион. Почнува со лекции по летање во 1937 година, здобивајќи се со сертификат на пилот и инструктор. Откако станува квалификувана, почнува да обучува пилоти за Советските воздухопловни сили.[3]

Воена кариера

уреди

Смирнова одговара на жалба на Радио Москва во 1941 година за жени пилоти да им се придружат на воздухопловните сили. По обуката на Енгелс, Смирнова е назначена за заменик командант на ескадрила на новоформираниот 588ми Ноќен бомбашки полк, подоцна познат под прекарот „Ноќни вештерки“. Нивната прва мисија е на 8 јуни 1942 година. По смртта на командантот на ескадрилата, Љубов Олховскаја за време на мисијата, Смирнова ја презема нејзината позиција. По осум месеци поминати во борбени мисии, полкот е назначен за Гарда и е преименуван во 46ти Гардиски ноќен бомбашки воздухопловен полк.[3]

Смирнова му е посветена на полкот, при што еднаш бега од рекреативен центар каде што е испратена за да си го подобри здравјето, со цел да се врати назад на фронтот. Летајќи со авионите Поликарпов По-2, Смирнова и Ноќните вештерки се навикнуваат да напаѓаат мети кои се бранети од противвоздухопловна артилерија и рефлектори. Сепак, таа се сеќава на еден лет кога се нападнати од германски војници, со трасерска муниција која ги пали платната и телата од иверица на руските двокрилци.[2] На крајот од војната, Смирнова е една од дваесет и трите членови на полкот што е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз.[3]

По војната, не е во можност да продолжи да работи во цивилното воздухопловство, бидејќи нејзината влошена здравствена состојба укажува на тоа дека нема да ги помине потребните медицински прегледи.[3] Во март 1945 година, испратена е заедно со Екатерина Рјабова во Академијата за воени воздухопловни сили Жуковски - Гагарин. Командантот им кажува да бараат некоја цивилна работа, бидејќи сфаќа дека нивните тела по војната нема да ги издржат ригорозните тренинзи и кондиција што ја бара воената академија од своите кадети.[4]

Награди

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Смирнова Мария Васильевна“. www.warheroes.ru. Посетено на 2018-01-24.
  2. 2,0 2,1 Noggle, Anne (2007). A Dance With Death: Soviet Airwomen in World War II. College Station: Texas A & M University Press. стр. 31–37. ISBN 978-1-585441-778.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Welch, Rosanne (1998). Encyclopedia of Women in Aviation and Space. Santa Barbara, Calif: ABC-CLIO. стр. 201–202. ISBN 978-0-874369-588.
  4. Goodpaster Strebe, Amy (2009). Flying for Her Country: The American and Soviet Women Military Pilots of World War II. Washington D.C.: Potomac Books. стр. 72. ISBN 978-1-597972-666.