Татјана Стојановска

Татјана Стојановска (13 ноември 1974, Скопје) - македонска ТВ презентерка и поранешна Мис на Македонија 1992. По изборот за Мис на Македонија почнува да работи во Македонската Радио Телевизија, прво како водител на утринската програма Добро утро Македонијо, а потоа и како презентер на вести до 2003 година од кога продолжува со работа во А1 Телевизија. Од 2011 е презентер на вести во Канал 5 Телевизија. Во нејзината кариера се вбројуваат и водење на многу фестивали, корпоративни настани, свечени академии. Како признание за нејзината кариера се наградите за Лице на годината на весникот Вечер во категоријата Тв презентер за 1998 и за 1999 година и Златна Бубамара на популарноста за 1999.

Татјана Стојановска
Роден Скопје, Република Македонија
Занимање ТВ водител

Работна кариера

уреди

Моментално работи како презентер на информативната програма на Канал 5 телевизија.

 
Татјана Стојановска