Татјана Римска е христијанска светица и ранохристијанска маченица.

Татјана Римска
Руска икона од 19 век
маченик
Роден(а) Rome
Починал(а) 226-235, Rome
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православие
Слава 12 јануари
Заштитништво студенти

По потекло од Рим, Татјана била ќерка на познати благородници од градот, христијанка и ѓакониса при црквата. По смртта на царот Хелиогабал, во Рим на престолот дошол Александар Север, чија мајка Мамеја била христијанка. Самиот цар бил колеблив и нерешителен во верата, затоа во својот дворец чувал повеќе статуи: на Исус, Аполон, на Аврам и на Орфеј. Неговите потчинети ги гонеле христијаните и без наредба на царот. Кога ја извеле девицата Татјана на мачење, таа се молела на Бога за своите мачители.

Така, според христијанското верување, очите им се отвориле и тие виделе четири ангели околу маченичката. Кога го виделе тоа, осуммина од нив поверувале во Исус, заради што и тие биле мачени и убиени. По ова продолжило мачењето на Татјана Римска. Ја фрлиле пред лав, но лавот се умилкувал околу неа и ништо не наштетил, за на крај со меч да биде убиена[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 12 јануари според црковниот, а 25 јануари според грегоријанскиот календар.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 15

Надворешни врски

уреди