Татарски академски театар „Галиаскар Камал“

Татарски Академски театар Галиаскар Камал (руски: Татарский Академический Театр имени Галиаскара Камала, татарски: Галиәсгар Камал исемендәге татар дәүләт академия театры) е водечки театар во Казан, Русија. Именуван е по драмскиот писател Галиаскар Камал, основан бил на 22 декември 1906 година[1].

Поглед на театарот Камал од езеро Кабан
Театарското фоаје за време на пауза
Поглед на езерото Кабан и театарот Камал

Првите тетарски татарски почетоци биле во 19 век кога во некои во Русија се појавиле татарски аматерски театарски групи во места населени претежно од Татари. Првата објавена претстава на татарски јазик била „Несреќната девојка“ (1886) од Габдрахман Иљуаси (1856–1895). Воглавно претстави се занимавале со проблемот на договорените бракови кои биле многу чести во тоа време.

Првата професионална татарска се случила во 1906 година и била подготвена од групата „Сајар“ (Патникот). „Сајар“ на крајот станала водечка татарска професионална институција. Во 1939 година е преименувана по драмскиот писател Галиаскар Камал. Во 1987 година, компанијата се преселила во сегашната зграда на брегот на езерото Кабан[2].

Тековниот репертоар на театарот се состои претежно од претстави напишани од татарски драматурзи, но вклучува и многу претстави на руски и странски драмски писатели[3].

Поради политичките ситуации и културната клима во некогашниот СССР, театарост во татаристан, имал извонредн комерцијален успех и извонредно високиот квалитет на неговите претстави, како и огромната популарност на театарот како жанр меѓу Татарите.Тој бил една од поретките форми за национална идентификација и самодокажување[4].

Наводи

уреди
  1. "Галиәсгар Камал исемендәге татар дәүләт академия театры ". Архивирано од изворникот на 2022-08-10. Посетено на 2020-04-13.
  2. Галиәсгар Камал[мртва врска]
  3. АФИША
  4. [http://gsn.tatarstan.ru/tat/index.htm/news/2016-08-16.htm/[мртва врска] Камал театры