Татами
Татами (јап. 畳) — вид душек што се користи како поден материјал во традиционалните јапонски соби. Татами се направени во стандардни големини, двојно подолги во ширина, околу 0,9 м на 1,8 м во зависност од регионот. Во боречките вештини, татами се на подот во доџо-школите, а се користат и на натпревари.[1]
Татами се покриени со плетена слама од мека трска (藺草, „игуса“). Јадрото традиционално се прави од оризова слама, но современите татами понекогаш имаат компресирани плочи од пилевина или јадра од полистиренска пена. Долгите страни обично имаат рабови (縁, хери) од брокат или обична ткаенина, иако некои татами немаат раб.[2]
Историја
уредиТерминот татами е изведен од глаголот „татаму“ (畳む), што значи „преклопување“ или „натрупување“. Ова укажува на тоа дека раните татами биле тенки и можеле да се преклопат кога не се користат или натрупуваат во слоеви.[3]
Татами првично биле луксуз за благородништвото. Долните класи имале земјени подови покриени со душек.[4] За време на Хеианскиот период, кога се практикувал „шинден-зукури“ архитектонскиот стил на аристократски резиденции, подовите шинден-зукури во просториите во палатите биле главно дрвени, а татами се користеле само како места за најбогатите аристократи.[5]
Во Камакура периодот, се појавил архитектонскиот стил на живеење „шоин-зукури“, за самураите и свештениците кои стекнале моќ. Овој архитектонски стил го достигнал својот врв на развој во Муромачи периодот, кога татами постепено се ширеле низ целите простории, почнувајќи од најмалите простории. Собите целосно покриени со татами станале познати како „зашики“ (座敷, бук. распослано за седење), а правилата за седење и етиката го одредувале распоредот на татами во собите.[5]
Се вели дека пред средината на XVI век, владејачкото благородништво и самураите спиеле на татами или ткаени душеци наречени „гоза“ (茣蓙), додека обичните луѓе користеле сламени душеци или лабава слама за душек.[6] Татами постепено се популаризирала и стигнале во домовите на обичните луѓе кон крајот на XVII век.[7]
Куќите изградени во Јапонија денес ретко имаат соби со под од татами, а ако ги имаат, се малкубројни. Да се има само едена татами соба е вообичаено. Собите со татами, и другите вакви традиционални архитектонски одлики, се нарекуваат „нихонма“ или „уашитсу“ (простории во јапонски стил).
Големина
уредиГолемината на татами традиционално се разликува помеѓу регионите во Јапонија:
- Кјото: 0.955 м на 1.91 м, наречени кјоома (京間) татами.
- Нагоја: 0.91 м на 1.82 м, наречени аинома (合の間) татами.
- Токио: 0.88 м на 1.76 м, наречени едома (江戸間)] или кантоома (関東間) татами.
Во однос на дебелината, 5.5 см е просечен за кјоома татамите, додека 6 см е норма за кантоома татамите.[5] Половина душек се нарекува ханџоо (半畳), а душеците со должина од три четвртини, кои се користат во просториите за церемонијата со чај (чашитсу), се нарекуваат даимедатами (大目 или 台目).[3] Во однос на традиционалните јапонски единици за должина, татамите имаат 1 кен на 0.5 кен, или еквивалентно на тоа се 6 шаку на 3 шаку (0.9 м), големината на татамите од Нагоја. Шаку е скоро иста должина како и една стапка во традиционалниот англиско-американски систем за мерење.
Во Јапонија, големината на собата често се мери со бројот на татами (-畳, „-џоо“), кој изнесува околу 1.653 м2 (за стандардните татами од Нагоја). Понатаму, во однос на традиционалните единици во Јапонија, просторијата (а особено подната површина на куќата) се мери во „тсубо“, каде што едно тсубо е површината на два татами душеци (квадрати); еден душек е 1 кен на 1 кен или 1.81818 м2, или два душека околу 3.306 м2.
Некои вообичаени големини на простории во регионот Нагоја се:
- 4.5 душеци = 9 шаку × 9 шаку ≈ 2.73 м × 2.73 м
- 6 душеци = 9 шаку × 12 шаку ≈ 2.73 м × 3.64 м
- 8 душеци = 12 шаку × 12 шаку ≈ 3.64 м × 3.64 м
Продавниците традиционално се дизајнирани да бидат со големина од 5.5 татами душеци, а чајните соби се често на 4.5 татами душеци.
Распоред
уредиПостојат правила во врска со бројот на татами и распоредот на татами во една просторија. Во Едо периодот, правилните (祝儀敷き, „шуугиџики“) и неправилните (不祝儀敷き, „фушуугиџики“) аранжмани за татами биле јасно дефинирани, а татами соодветно би биле преуредени во зависност од приликата. Во современата практика, редовно се користи „правилниот“ распоред. Во овој аранжман, дупките помеѓу положените татами формираат „Т“; во „неправилниот“ аранжман, татамите формираат „+“.[5] Правилното поплочување често бара употреба на 1.5 душеци за да се поплочи собата.[8]
За неправилниот распоред се вели дека носи лоша среќа.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „The Quest for the Perfect Judo Floor | Judo Info“. judoinfo.com. Посетено на 2020-05-05.
- ↑ „Understanding Tatami“. Motoyama Tatami shop. Посетено на 2016-10-31.
- ↑ 3,0 3,1 Kodansha Encyclopedia of Japan, entry for "tatami."
- ↑ „The Yoshino Newsletter“. Floors/Tatami. Yoshino Japanese Antiques. Архивирано од изворникот на 2007-03-31. Посетено на 2007-03-28.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Sato Osamu, "A History of Tatami," in Chanoyu Quarterly no. 77 (1994).
- ↑ Kodansha Encyclopedia of Japan, entry for "bedding"
- ↑ „Kyoto International Community House Newsletter“. 2nd section titled History of tatami. Kyoto City International Foundation. Архивирано од изворникот на 2015-04-30. Посетено на 2007-03-28.
- ↑ Erickson, Alejandro; Ruskey, Frank; Woodcock, Jennifer; Schurch, Mark (2010). Computing and Combinatorics. Lecture Notes in Computer Science. 6196. Springer. стр. 288–297. arXiv:1103.3309. doi:10.1007/978-3-642-14031-0_32. ISBN 978-3-642-14030-3.
- ↑ Kalland, Arne (April 1999). „Houses, People and Good Fortune: Geomancy and Vernacular Architecture in Japan“. Worldviews. 3 (1): 33–50. doi:10.1163/156853599X00036. JSTOR 43809122.