Тарифа (’рт)

’рт во Шпанија, најјужната точка во континентална Европа

Тарифа (шпански: punta de Tarifa) — ’рт на југот на Пиринејскиот Полуостров и најјужна точка во цела континентална Европа. Сместен е во покраината Кадис, Андалусија, на брегот на Гибралтарскиот Проток.[1] Оттука се гледа Мароко.

’Ртот Тарифа од вселената

Ова е јужен крај на некогашниот остров Тарифа (Лас Паломас), денес поврзан со копното со патен насип. Од 1930-тите до 2001 г. на местото имало воени објекти[2]

’Ртот и истоимениот град се наречени по берберскиот војсководец Тариф ибн-Мелик, кој одовде во 710 г. го започнал исламското освојување на Шпанија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Cádiz“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 17 април 2012.
  2. „The armed forces in Tarifa“. TodoTarifa. Архивирано од изворникот на 2018-10-11. Посетено на 21 април 2012.

Надворешни врски

уреди

36°00′15″N 5°36′37″W / 36.00417° СГШ; 5.61028° ЗГД / 36.00417; -5.61028