Таратор
Таратор[1] или таратур[2] — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.
Дел од оброкот | супа |
---|---|
Главни состојки | кисело млеко, или јогурт, краставица, лук, орев, мирудија зеленчук |
Варијанти | повеќе |
Како се прави (рецепт)
уредиСостојки (за четворица)
уреди- една глава лук
- половина килограм кисело млеко
- две свежи краставици
- 100ml сончогледово или маслиново масло
- една мала лажица сол
Потребен специјален прибор
уреди- дрвен сад за толчење
- дрвен толчник
Подготвување
уредиЛукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.
Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сечкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).
Сервирање
уредиГотовиот таратор пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.
Галерија
уреди-
Македонски таратор
-
Тараторни чунови
-
Таратор