Таратор[1] или таратур[2] — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.

Таратор
Македонска таратур салата.jpg
Таратор
Дел од оброкотсупа
Главни состојкикисело млеко, или јогурт, краставица, лук, орев, мирудија зеленчук
Варијантиповеќе
Таратор

Како се прави (рецепт)Уреди

Состојки (за четворица)Уреди

Потребен специјален приборУреди

  • дрвен сад за толчење
  • дрвен толчник

ПодготвувањеУреди

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сечкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

СервирањеУреди

Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Таратор“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Таратур“ — Дигитален речник на македонскиот јазик