Тамара Чаусидис (Скопје, 18 октомври 1964) — новинарка и поранешна претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и активистка за работничките права на новинарите и слобода на медиумите.

Животопис

уреди

Образование

уреди

Чаусидис студирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје На Факултетот по Филозофија и е дипломиран антрополог.

Професионално искуство

уреди

Кариерата ја започнува во Македонското Национално Радио во 1987 година и таму останува до 2001 годна. Таму работи во одделот за надворешна политика. Известува за преговорите помеѓу НАТО и Српските сили помеѓу интервенцијата на НАТО во 1999. Коренспондент е во хрватското „Obiteljkso radio“ во првите месеци додека трае воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Понатаму е уредничка на вестите кои ги покриваат главните политички настани на Националното Радио.

Помеѓу 2001 и 2005 година е кореспондентка на Македонскиот оддел на Радио Слободна Европа, но пишува и за Српскиот, Хрватскиот и Босанскиот оддел.

Од 2005 до 2007 година работи како дел од BIRN Архивирано на 13 март 2014 г. (Balkan Investigative Reporting Network), во делот на тренинг и помагање на младите новинари.

Од 2008 до 2011 е уредничка мрежното место на ALSAT на македонски.

Од 2011 наваму е работи како самовработена на различни проекти, како кореспондентка на хрватскиот портал Forum, BIRN, како претседателка на ССНМ и активистка за работничките права на новинарите и слободата на медиумите.

Публикации

уреди
  • “Manual for ethic in journalism” – T.Chausidis and Z. Bojarovski, Skopje 2012
  • “Media, hate speech and marginalized communities” – Z.Trajanovski, T. Chausidis,R. Belicanec Skopje 2013