Талински Залив

залив во Естонија

Талински Залив (естонски: Tallinna laht) — залив во Естонија, во јужниот дел на поголемиот Фински Залив. Наречен е по главниот град, Талин, кој е сместен на неговиот јужен брег.

Деловите на Талинскиот Залив

Самиот залив е поделен на неколку дела: Талинско Сидриште (Tallinna reid), Коплиски Залив, Какумјавски Залив и Палјасарски Залив. По северната граница на заливот се сместени островите Најсар и Аегна, а источната граница ја образува полуостровот Вимси.

Крајбрежните води се плитки, но нагло стануваат длабоки. Стрмното дно овозможува добра размена на водите меѓу Талинскиот и Финскиот Залив.[1] Ова е еден од најдлабоките заливи во Естонија, и достигнува 100 м.[2]

Стариот дел на градот (Ваналин) е сместен крај засолнетиот дел на заливот, на кој излегува патничкото пристаниште.[1] Палјасарскиот Залив и Бекерското пристаниште кај Коплискиот Залив се неманети за товарни пловила. На бреговите има неколку јавни плажи: Пирита, Строми, Какумјае и Пикакари.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Review of the state of the Tallinn Bay“. City of Tallinn. Посетено на 9 June 2013.
  2. Autorite kollektiiv. 1996. Mereleksikon. Eesti Entsüklopeediakirjastus. lk 419

59°31′8″N 24°40′6″E / 59.51889° СГШ; 24.66833° ИГД / 59.51889; 24.66833