Таан-алва
Таан-алва — познат блискоисточен десерт чии главни состојки се таан, шеќер, ванила. Според видовите, во него се додаваат какао, ф'стаци, мастики, мед и ореви. Откриена е пред 700 години во Денизли од Хасан Басри ефенди.[1] Во последните години наместо шеќер во индустријата за таан-алва се користат сирупи од пченка со висока содржина на гликоза и ниска содржина на фруктоза, разни адитиви (концентрирани белковини од соја и растителни влакна) кои ги врзуваат мастите и белковините.
Разни видови таан-алва | |
Дел од оброкот | десерт |
---|---|
Регион | Близок Исток |
Температура на послужување | ладно |
Главни состојки | таан, вода, шеќер |
Подготовка
уредиТаан-алвата се состои од таан, шеќер и вода. Шеќерот и водата се варат. Идеално е точката на вриење да биде околу 145 степени Целзиусови. Се додава лимонска киселина. Се вари. Се додава гипсофила со вода и се гледа белење. Се добива конзистентност на восок. Таанот и восокот се мешаат. Се додаваат додатоците кои се посакуваат како лешници и кикирики. Се меси, обликува и се лади.[2]
Наводи
уреди- ↑ „5 asırdır Osmanlı lezzeti tahin helvası üretiyorlar - Sayfa 3“. CNN Türk (турски). Архивирано од изворникот на 22 Ocak 2020. Посетено на 6 Nisan 2021. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „Diatek - Helva Üretimi“. www.diatek.com.tr. Архивирано од изворникот на 20 Nisan 2017. Посетено на 6 Nisan 2021. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help)