Сјуца
река во Гребенско, Егејска Македонија
Сјуца (грчки: Σιούτσα) — река во Гребенско, Егејска Македонија, десна притока на Бистрица.[1]
Сјуца Σιούτσα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Гребенско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Пинд |
• координати | 39°50′45″N 21°25′11″E / 39.8458° СГШ; 21.4197° ИГД |
Устие | |
• место | Бистрица |
• координати | 39°57′41″N 21°41′23″E / 39.9615° СГШ; 21.6898° ИГД |
Особености на сливот | |
Реката извира од Пинд, северно од врвот Зварнистра под името Ѕаруна (Τζαροΰνα),[1] во 1969 г. сменето во Дјаволос (Διάβολος). Тече на север, по што свртува на североисток и образува јаз помеѓу Лимбинова Бигла од север и Кондојанова Чука од југ. Ја прима големата лева притока Мавромати и свртува на југоисток. Откако ќе излезе од планината, тече начелно на североисток се влева во Бистрица североисточно од селото Арап.[1] Тука е вештачкото Иларионско Езеро.