Сфољатела, понекогаш наречено опашка од јастог во САД,[1] [2] е италијанско пециво исполнето во облик на школка кое има потекло од Кампанија. Сфољателе исто така значи „мал, тенок лист или слој“, бидејќи неговата текстура на пециво наликува на наредени лисја.

Сфољатела

Потекло

уреди

Во манастирот Санта Роза во Конка деи Марини во провинцијата Салерно, Италија, во 17 век, била создадена сфољателата Санта Роса. Слаткарот Пасквале Пинтауро, од Неапол, го добил оригиналниот рецепт на Сфољателата и почнал да ги прави и продава колачите во неговата продавница во далечната 1818 година.[3]

Производство

уреди

На голема маса, тестото се развлекува, или се израмнува со апарат за тестенини,[4] потоа се премачкува со некој вид на маснотии (путер, сало, маргарин или мешавина), па се превиткува во вид на швајцарски ролат, но со многу повеќе слоеви. Од крајот се сечат дисковите, се обликуваат да направат џебови,[5] и се полнат. Се пече пецивото додека слоевите не почнат да се одвојуваат, создавајќи ги карактеристичните гребени на сфољатела.

Има повеќе различни рецепти за тестото и филот. Филовите вклучуваат рикота со вкус на портокал, паста од бадем и шеќерна кора од цитрон.

Регионални варијации

уреди
 
Сфољатела Санта Роза

Постојат два вида на пециво. Исто така, постои рецепт со некои промени, со иста кора, но со многу благ и повкусен фил кој е направен од француски крем, сличен на шлаг.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. From the Source - Italy: Italy's Most Authentic Recipes From the People That Know Them Best (2015). Lonely Planet.
  2. Bullock-Prado, Gesine (2012). Pie It Forward: Pies, Tarts, Tortes, Galettes, and Other Pastries Reinvented. Open Road Media. p. 198.
  3. „storia della sfogliatella“. www.sfogliatella.it.
  4. Sylvanna (16 November 2009). „Sfogliatelle Dough“. Архивирано од изворникот на 2022-04-20. Посетено на 2023-03-19.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. Sandie Drake (1 November 2013). „Preparing sfogliatelle pastry to make Lobster Tails“. Архивирано од изворникот на 2023-03-19. Посетено на 2023-03-19.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)