Султанат Неџд

поранешна држава на Арапскиот Полуостров

Султанат Неџд (арап. سلطنة نجد) ― држава на Арапскиот Полуостров која постоела од 1921 до 1926 година. На чело на оваа монархија била саудиската династија и се смета за правен претходник на денешна Саудиска Арабија.

Султанат Неџд
سلطنة نجد
Знаме
Местоположба на Неџд
Главен градРијад
Уредување Исламска апсолутна монархија

Државата била создадена во 1921 година откако Абдул Азиз ибн Сауд, емирот од Ријад, се самопрогласил за султан на Неџд и неговите зависни територии.[1] На 2 декември 1922 година, Неџд и Кувајт потпишале договор за демаркација на меѓусебната граница. Границата била права линија по 29-та паралела.[2] Во декември 1925 година, Кралството Хиџаз било освоено од војската на Абдул Азиз ибн Сауд. Во јануари 1926 година бил прогласен за крал на Хиџаз и двата ентитета со кои владеел ги споил во едно кралство - Кралство Хиџаз и Неџд.

Наводи уреди

  1. Madawi Al Rasheed. (2002). A History of Saudi Arabia. Cambridge, England, UK: Cambridge University Press, p. 63.
  2. „No. 1083 SULTANATE OF NEJD and KUWAIT“ (PDF). 1922. Наводот journal бара |journal= (help)