Студва е река во источна Хрватска и северна Србија долга 37 километри. Целото течение на реката се наоѓа во регионот Срем.

Студва
Местоположба
Физички особености
УстиеРеката Босут, кај Моровиќ, Војводина, Србија
Должина37 км
Особености на сливот
Карта

Студва извира во западен Срем во Хрватска, близу селото Гуња. Тоа е спора, кривулеста река и се прелева во неколку мочуришта како што тече во селата Ѓуриќи, Дреновци, Сољани и Врбања.

Покрај средновековните рушевини на градот Звезданград, Студва станува гранична река помеѓу Хрватска и Србија. Кај селото Моровиќ во Војводина, Студва се влева во реката Босут.

45°00′22″N 19°13′01″E / 45.00611° СГШ; 19.21694° ИГД / 45.00611; 19.21694