Стриндбергов музеј
Стриндберговиот музеј (шведски: Strindbergsmuseet) е музеј во Стокхолм (Шведска) посветен на писателот Аугуст Стриндберг (1849-1912), сместен во неговиот последен стан Blå tornet („Сина кула“) во реонот Нормалм. Отворен е во 1973, а со него раководи Стринберговото друштво (Strindbergssällskapet).
Strindbergsmuseet | |
Зданието во кое се наоѓа Стриндберговиот музеј | |
Основан | 1973 |
---|---|
Место | Drottninggatan 85 во Нормалм, Стокхолм |
Тип | музеј-дом |
Директор | Стефан Боман |
Кустос | Ерик Хек |
Јавен превоз | Родмансгатан |
Мреж. место | strindbergsmuseet.se |
Стриндберг се преселил во станот во 1908 г. и живеел во него сè до неговата смрт во 1912. Музејот се состои од станот и библиотеката, како и простор за изложување. Тапетите и другите украси се реконструирани да изгледаат онака како што биле кога писателот живеел во станот, но мебелот и другите предмети се оригинални.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Стриндбергов музеј Архивирано на 11 јуни 1998 г. (шведски) (англиски)
- Стриндбергово друштво Архивирано на 12 август 2010 г. (шведски) (англиски)
59°20′18.60″N 18°03′23.62″E / 59.3385000° СГШ; 18.0565611° ИГД