Кралска стрелиција

вид растение

Кралска стрелиција (науч. Strelitzia reginae), народно позната како рајска птицаповеќегодишно, зелјесто растение, типичен вид на родот стрелиција (науч. Strelitzia) од семејството Strelitziaceae со потекло од Јужна Африка. Таа е широко култивирана за своите драматични цвеќиња. Во умерените области таа е популарно домашно растение.[3]

Кралска стрелиција
Цвет
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
клад: Комелиниди
Ред: Ѓумбировидни
Семејство: Стрелиции
Род: Стрелиција
Вид: Кралска стрелиција
Научен назив
Strelitzia reginae
Banks[1][2]

Опис

уреди

Кралската стрелиција расте до 2 м, со големи, силни лисја долги 25 — 70 см и 10 — 30 см широки. Лисјата се зимзелени и распоредени во два реда, правејќи круна во облик на вентилатор. Цветовите стојат над зеленилото на врвовите на долгите стебленца.[4]

Наводи

уреди
  1. Strelitzia reginae. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. Посетено на 10 март 2008. (англиски)
  2. Strelitzia reginae. World Checklist of Selected Plant Families. Royal Botanic Gardens, Kew. Архивирано од изворникот на 2012-10-13. Посетено на 3 август 2017.
  3. „Strelitzia reginae“. PlantZAfrica.com. Посетено на 24 November 2018.
  4. Gibbs Russell, G. E., W. G. M. Welman, E. Retief, K. L. Immelman, G. Germishuizen, B. J. Pienaar, M. Van Wyk & A. Nicholas. 1987. List of species of southern African plants. Memoirs of the Botanical Survey of South Africa 2(1–2): 1–152(pt. 1), 1–270(pt. 2).