Стража (Билино)
врв на планината Билино, Македонија
(Пренасочено од Стража (врв))
Стража ― еден од врвовите во планината Билина, која се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Со својата впечатлива природна убавина и значајна височина, врвот Стража привлекува планинари и туристи кои бараат авантура и спокојство во планинската природа. Стража е еден од највисоките врвови во планината Билина. Врвот се издига на висина од 1,547 метри,[1] што го прави еден од најдоминантните.
Стража | |
---|---|
Поглед кон врвот Стража од селото Петралица | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1,547 м |
Координати | 42°15′17.16″N 22°13′7.63″E / 42.2547667° СГШ; 22.2187861° ИГД |
Географија | |
Земја | Македонија |
Општина | Крива Паланка |
Матичен венец | Билина |
Искачување | |
Прво освојување | непознато |
Најлесен пат | од кај селото Метежево |
До врвот може да се стигне од црквата „Света Троица“ во селото Петралица од каде се движи по црн широк пат до самиот врв движејќи се по патеката која ја пресекува Рашка Река. Друг алтернативен начин по пократка патека е од селото Метежево или поточно од месноста викана Метежевски Преслап каде исто се движи по црн широк пат.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Игор Талески. Топографска проминенција на врвовите во Македонија. стр. 8. Архивирано од изворникот на 2023-05-17. Посетено на 17 мај 2023.