Сто дена во Палермо (филм)
Сто дена во Палермо (ит. Cento Giorni A Palermo) е италијански филм од 1984 година (Италија, Франција, 1984, 102 мин.) Режисер на филмот е Џузепе Ферара (ит. Guiseppe Ferrara), а покрај него на сценариото работел и Џорџо Арлорио (ит. Giorgio Arlorio). Главните улоги ги толкуваат Лино Вентура (ит. Lino Ventura), Џулијана Де Сио (ит. Giuliana de Sio), Лино Троизи (ит. Lino Troisi) и Стефано Сата Флорес (ит. Stefano Satta Flores).
Заплет
уредиГенералот Дала Киеза, кој веќе се докажал во борбата против тероризмот, е именуван за префект на Палермо со цел да ја координира борбата против мафијата со специјални овластувања кои, меѓутоа остануваат само ветувања.
Иницијативите на префектот, и покрај крволочното убиство на пратеникот Пио Ла Торе со намера да го заплаши генералот, ги охрабруваат безбедносните сили и промовираат антимафијашка свест кај населението. Дала Киеза, кој во меѓувреме се жени со млада активистка на Црвениот крст и со неа доаѓа во Палермо, прераснува во сѐ поголема опасност за мафијата која решава да го убие. Дала Киеза не ги добива ветените овластувања, а мафијата ја покажува својата моќ дури и во Парламентот. Генралот заедно со неговата сопруга насетува дека неговите активности можат да завршат во ќор сокак, па затоа го повикува новинарот Бока за да му направи интервју, бучна полемика против власта и мафијата. Дала Киеза сѐ повеќе е оставен сам на себе, но нема враќање назад за процесот на ослобудување што го започнал. Мафијата го прекинува неговиот план. Дала Киеза и сопругата се убиени на 03. 09.1982 на Виа Карини во Палермо.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |