Стојко (Стојчо [1]) Бакалов, познат како Бакалчето — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, Македонскиот комитет и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Стојчо Бакалов
Роден 1872
Починал 1928
Чуричени, Бугарија

Животопис

уреди

Бакалов е роден во 1872 година во Игуменец, Петричко, тогаш во Отоманското Царство, денес во Бугарија. Станува учител во своето родно село, каде што е посветен во делото на ВМОРО и е избран за нејзин легален раководител. Во 1900 година излегува во илегала и води чета во Петричко и Мелничко.

 
Четата на Стојко Бакалов, 10 јули 1905 година

Во 1901 година поради злоупотреба на комитетски средства е осуден на смрт од страна на Серскиот окружен револуционерен комитет и преминува на страната на ВМОК. Според Христо Силјанов, Бакалов се наоѓа меѓу најважните "пионери на врховизмот од другата страна на границата (во Македонија б.н)" [2].

Учествувал во Горноџумајското востание во 1902 година. Во текот на востанието на 28 септември 1902 година бич еден од раководителите во борбата во месноста „Црна Скала“ кај село Барбарево, Струмичко. По Младотурската револуција во 1908 година бил учител во Крстилци, Петричко.

За време на Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во четата на Дончо Златков, а подоцна во 14 Воденско дружина.

Во расцепот во ВМРО застанува на страната на крилото на Александар Протогеров. Убиен е во 1928 година во Чуричени, Петричко.

Наводи

уреди
  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003, страна 307
  2. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1933, стр. 160.