Стојан Кочов
Стојан Кочов (25 декември 1930 - 5 јануари 2023) — Македонски борец, научен истражувач и публицист. Во годините на Граѓанската војна во Грција активно учествува како партизан во редовите на Демократската армија на Грција. Од 1950 до 1957 година живее и се школува во Советскиот Сојуз, сè до неговото враќање во НР Македонија во 1957 година.[1]
Стојан Кочов | |
---|---|
македонски борец, научник и публицист | |
Роден/а | 25 декември 1930 Турје, Леринско, Егејска Македонија |
Починат/а | 5 јануари 2023 Скопје, Македонија | (возр. 92)
Како капитални негови дела се сметаат книгите:[2]
- Идеолошкиот активизам над Македонците под Грција
- Ѓорѓи Пејков - Македонскиот воин низ историјата на ДАГ (1945-1949)
- Мртвото лице на војната
- Средба
- Една мртва војска