Стојан Димов — македонски кларинетист.

Музичко образование и кариера

уреди

Стојан Димов е роден во Велес. Основното и средното образование ги завршил во Велес и во Скопје. Од 1975 до 1981 година студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Иван Кочаров, како и на Универзитетот во Загреб, во класата на проф. Јосип Нохта. Во 1993 година, магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од 1980 до 1995 година работел како соло-кларинетист во Македонската филхармонија, а истовремено бил член на Биг бендот при МРТ. Во 2002 година станал постојан член на оркестарот на Горан Бреговиќ. Во текот на својата кариера, Димов остварил бројни настапи со рецитали, а како солист настапил со бројни македонски и странски оркестри. Исто така, тој членувал и во неколку камерни ансамбли.[1]

Наводи

уреди
  1. „Концерт на Стојан Димов и Дино Имери“, 61 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival.