Стојан Георгиевски
Стојан Христов Георгиевски (Роден е во Лешок, Тетовско — 1944 во Љубанци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, уште при нејзиното формирање во селото Кучевиште. Учествувал во многубројните борби на бригадата против балистите и Германците. На 9 ноември 1944 година во една нова борба против окупаторските сили, бил тешко ранет и пренесен на лечење во партизанската болница во селото Љубанци. Но, набргу подлегнал на раните. Бил закопан на гробиштата во селото Љубанци.