Сторгозија
Тврдината Сторгозија се наоѓа во градот Плевен, Бугарија. Тврдината била изградена во римско време најверојатно врз темелите на друга тврдина која датира од тракиско време. Во почетокот на 4 век бил изграден ѕид околу тврдината широк 2 метри. Според археолошките ископувања, во наоѓалиштето постоеле две порти и три кули. Во внатрешноста на тврдината се наоѓала црква (базилика), која била долга 45 метри и широка 22 метри. Тврдината се смета дека била разрушена со инвазијата на Словените на Балканот.
Тврдина Сторгозија | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Плевен, |
Земја | Бугарија |