Стопиќа Пештера

(Пренасочено од Стопиќа пештера)

Пештерата Стопиќа е една од најпознатите пештери во Србија. Се наоѓа помеѓу селата Трнава и Рожанство, околу 250 од Белград, 30 од Ужице и 19 од регионалниот пат Ужице - Јадранско Море, на подрачјето на Златибор. Над пештерата минува патот Ужице - Сирогојно.

Стопиќа Пештера
Стопиќа Пештера
МестоТрнава, Србија
Должина1.691,5
Надм. височина711

Пештерата Стопиќа е речна пештера, бидејќи низ неа протекува Трнавски Поток. Пештерата има импресивен влезен на отворот е широк 35 метри и висок 18 метри. Пештерата Стопиќа, без својот најмлад систем, е долга 1.691,5 метри, има површина од околу 7.911,5 и има волумен од преку 120.000. Влезот во пештерата се наоѓа на 711,18 метри надморска височина.

Пештерата ја сочинуваат пет целини: Светлосна дворана, Темна дворана, Голема сала со кади, Канал со кади и Речен канал. Иако не е особено богата со пештерски украси има бигорски пештерски кади, кои со својата големина и длабочина (некои и до седум метри) се издвојуваат од другите во Србија. На ѕидовите на оваа пештера постојат форми кои личат на различни животни (слонови) и различни предмети.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди