Стол[1][2] — подигнато седиште вообичаено поставено на три или четири ногарки, но без потпирачи за раце ниту потпирач за грб (кај раните столови) и обично е направено за да седи едно лице. Преклопните столови може да се склопат во рамен, компактен облик обично со завртување на седиштето паралелно со преклопените ногарки.

Стол на три ногарки
Барски стол „Ајфелова кула“ од 1950 година, Париз/Франција

Историја уреди

Потеклото на столовите е нејасно, но познато е дека тие се еден од најраните облици на дрвен мебел.[3] Дифросот бил стол со четири ногарки во Стара Грција, кој моело да биде во фиксна и во преклопена верзија.

Во средновековното раздобје, седиштата се состоеле од клупи, столчиња и многу ретки примери на столици слични на престол како показател за статусот.

Артефакти од триножни столчиња се сочувани од 17 век.[4] Една од употребите на триножно столче било за молзење крави.

Подоцнежните случувања во 17 век го дале жлебениот стол, при што се користеле техниките на тогашниот столарски занает за да се произведе поголем стол сличен на кутија со минимум дрво, со ужлебување на долги тенки вретена и шини заедно под прави агли.[5]

Кралски столови уреди

Неколку кралства и поглавари во Африка имале и сè уште имаат обичаи за користење на столови на местото на столици како престоли. Еден од најпознатите од нив, Златниот стол на Асантехените во Гана, бил причина за еден од најпознатите настани во историјата на колонизирана Африка, таканаречената војна на златниот стол меѓу Британците и Ашантите.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „стол“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „стол“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Chinnery, Victor (1979). Oak Furniture: The British Tradition. Woodbridge, Suffolk: Antique Collector's Club. стр. 87. ISBN 0-902028-61-8.
  4. Holme, Randle (c. 1649). Academie of Armory. a Turned stoole...This is so termed because it is made by the Turner, or wheele wrioght all of Turned wood, wrought with Knops, and rings all over the feete..., reprinted in Chinnery 1979
  5. Chinnery 1979

Надворешни врски уреди